Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 53 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 31.01.2025 година ( петок ) во 13:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 52 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Одлука за прифаќање на Предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка
- Предлог – Одлука за формирање на заедничка комисија за меѓуопштинска соработка
- Предлог – Одлука за преотстапување на парични средства за дотации на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
- Предлог- Заклучок за усвојување на Извештај за работа за 2024 година на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино
- Предлог- Заклучок за усвојување на Годишнaта програма за работа за 2025 година на Локална библиотека ,, Страшо Пинџур,, Неготино
- Предлог – Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација
- Предлог – Решение за давање согласност на Годишен извештај за работа на Регионален советувалишен центар за семејно насилство 2024 година
- Предлог – Решение за давање согласност на Извештај за финансиското работење на Регионален советувалишен центар за семејно насилство за период 01.01.2024 до 31.12.2024 година
- Предлог – Одлука за сопствено учество на општина Неготино за потребни средства за обезбедување оддржливост на Регионален советувалишен центар за семејно насилствo
- Предлог – Решение за именување на членови на Совет за социјална заштита на подрачјето на општина Неготино