Општина Неготино
Најдобрите од општинскиот на регионален натпревар „Детски семафор“ PDF Печати

   Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и со поддршка на општина Неготино традиционално како и секоја, така и оваа година, се одржа општинскиот натпревар „Детски семафор – 2015“ – настан кој е дел од годишната Програма за работа на ОСБСП. Како што информираше општинскиот иснпектор по сообраќај Ирена Зорзиќ, на натпреварот учествувале ученици од двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ од петто до деветто оделение кои се натпреварувале во теоретски и пракктичен дел. Натпреварот се одржа во просториите на ООУ „Страшо Пинџур“, а најдорбите, односно првонаградените ќе земат учество на регионалниот натпревар „Детски семафор“ кој ќе се одржи во Велес.

Повеќе...
 
Општина Неготино ќе учествува во проект за развој на винопроизводството PDF Печати

   Претставници од општина Неготино предводени од градоначалникот Ванчо Апостолов ќе присуствуваат и ќе земат активно учество на билатералната средба на тема „Винските патишта на Вардарскиот и регионот Алзас –Република Франција“ организирана од страна на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Станува збор за проект преку кој би се остварила соработка и размена на добри практики помеѓу македонскиот и францускиот регион во доменот на виното и на планот на винопроизводството. На средбата ќе присуствува висока делегација од Франција предводена од генералниот секретар на винските региони на Европа Доминик Жанен и претседателот на АЛМА ( Асоцијација Алзас-Македонија ) Шал Шле, а нивното присуство ќе биде искористено за остварување директен контакт со учесниците на средбата, за за размена на мислења и знаења од областа на винопроизводството, развојот на винските патишта во Европа и стандардите за пласман на вино во Франција и во ЕУ. Основна цел на проектот е создавање билатерална мрежа за соработка со отворање можности за препознатливост на македонското вино од Вардарскиот регион во регионот Алзас, но и на цела територија на Република Франција.

Повеќе...
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати
ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА ПЕПЕЛИШТЕ

Општина Неготино донесе Одлука за распишување избор на членови на Совет на месна заедница Пепелиште кој ќе се спроведе преку Собир на полнолетни граѓани.
Изборот ќе биде одржан на ден 25.04.2015 година (сабота) во 18 часот во просториите на месната заедница на с.Пепелиште.
Се повикуваат сите полнолетни граѓани со место на живеалиште во с.Пепелиште активно да земат учество на Собирот на граѓани на кој ќе се изберат членови на Совет на месна заедница Пепелиште.
 
Ученици од 4-то одделение од ООУ „Страшо Пинџур“ одржаа училишен час во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов PDF Печати

   Кои се надлежностите на градоначалникот, колку часови трае неговиот работен ден, како се носат одлуките во општината, колку членови брои општинскиот Совет, кој се грижи за јавната хигиена во градот, како се утврдува кои проекти ќе се спроведуваат – беа само дел од многуте прашања кои учениците од 4-то одделение од ООУ „Страшо Пинџур“ заедно со наставничката Зорица Јанакиева му ги поставија на првиот човек на општината - градоначалникот Ванчо Апостолов во рамките на одржувањето на училишниот час во неговиот кабинет, кој е дел од програмата за работа на ова неготинско основно училиште и наставните содржини поврзани со општината и функционирањето на локалната самоуправа. 45-минутната конверзација на релација ученици-градоначалник помина во пријатна и релаксирана атмосфера на задоволство на двете страни, а градоначалникот Апостолов трпеливо ги сослушуваше и одговораше на прашањата поставени од учениците. На крајот, а врз основа на се она што можеше да се слушне за време одржувањето на овој импровизиран училишен час, се заклучи дека четвртооделенците од „Страшо Пинџур“ веќе ги имаат основните познавања за работата на градоначалникот и општината, а ова средба само им помогна истите уште повеќе да ги надградат.

Повеќе...
 
Непознати сторители намерно го оштетиле новиот водовод кај Дуброво PDF Печати

   Непознати сторители деновиве направиле сериозни оштетувања на новата и штотуку поставена водоводна мрежа во должина од 1.380 метри на потегот кај селото Дуброво каде што преку системот за хидраулично регулирање на притисокот беа регистрирани загуби од 15 литри вода во секунда, а кои по завршувањето на проектот беа вратени во водоводната мрежа и беа достапни за сите потрошувачи од општина Неготино. Вандалскиот чин овие лица го извршиле со бургии оштетувајќи го водоводот на повеќе места,  па деновиве стручни лица од општина Неготино, од ЈП Комуналец и работници на фирмата изведувач на работите континуирано се на терен и вршат откривања и санирања на направените оштетувања. Случајот е пријавен во Одделението за внатрешни работи-Неготино, се трага по сторителите на овој вандалски чин и по нивното откривање , против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе...
 
Велигденска честитка од градоначалникот Апостолов до православните верници PDF Печати
Почитувани граѓани на општина Неготино, почитувани граѓани на Република Македонија! Ми претставува чест и задоволство од мое лично име и од име на локалната самоуправа Неготино на сите граѓани – православни верници да им го честитам големиот празник Велигден со искрени желби за добро здравје, среќа и успех на личен и професионален план. Ви посакувам Велигденските празници кои ги зближуваат луѓето да ги поминете во пријатна и весела атмосвера во кругот на најблиските со желби за благосостојба во Вашите семејства. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 84