Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

За Општината...

Општината Неготино е лоцирана во централниот дел од Република Македонија, во областа на средното По вардарје. Му припаѓа на Вар дарскиот регион, а како посебна природна средина му припаѓа на Тиквешковардарски регион. Го зафаќа источниот дел од Тиквешката Котлина, на двете страни од реката Вардар, а на југоисток граничи со Демир Капија. Граничи со општините: на север со општина Штип, на исток со Конче, на југ со Кавадарци, на запад со Росоман и на северозапад со Градско. Зафаќа површина од 414 км2 и во неа живеат 19.212 жители, во градот Неготино и во други 18 населени места, од кои 4 се целосно раселени. Општина Неготино се наоѓа на просечна надморска височина од 150 м. Територијата на општината Неготино, како дел од областа Тиквеш и Повардарје, е под влијание на медитеранската клима, која продира од југ, преку Демиркаписката Клисура, и на континенталната клима, која продира од север, преку Велешката Котлина. 

Демографија

Споредбените податоци од пописот извршен во 1994 година и пописот од 2002 година покажуваат дека бројот на населението во рамките на сегашната Општина Неготино се зголемил за 871 жител или процентуално изразено 4.75%. На ниво на Република Македонија зголемувањето на бројот на жители изнесува 3.9%.

Стапката на пораст на ниво на цела општина изнесува 0.58

Природниот прираст изнесува 783

Морталитетот ( на 1000 жители) изнесува 7.9

Миграционото салдо е 88

Просечна возраст според попис 1994 година била 32.7 години со индекс на стареење 0.356

Просечна возраст според попис 2002 година 35.7 години со индекс на стареење 0.524

НАСЕЛЕНИЕ

Согласно податоците од извршениот попис во 2002 година, во Општина Неготино живеат 19.212 жители, или 0,95% од вкупното население во Република Македонија. Во градот Неготино, кој претставува урбан центар на општината, живеат 13.104 жители, или 68,2% од жителите на целата општина. Густината на населеност изнесува 46,5 жители на км2 . Во општина Неготино, според изјаснувањето за националната припадност, живеат: Македонци (17.768), Срби (627), Роми (453), Турци (243), Албанци (30), Власи (14), Бошнаци (1) и останати националности (76).

Бројот на населението во другите населени места е следен: Тимјаник 1.155 жители, Пепелиште 1.074, Долни Дисан 930, Криволак 1.021, Тремник 829, Војшанци 443, Курија 216, Црвени Брегови 173, Вешје 45, Дуброво 49, Горни Дисан 11, Пештерница 3, Липа 2 и Брусник 3 жители. Селата Јаношево, Калањево, Џидимирци и Шеоба се целосно раселени. Половата структура на населението во општина Неготино е следната: 9.777 жители се од машкиот пол. или процентуално 50,89%, а 9.435 жители се од женскиот пол, или 49,11%.

Бројот на населението од 15 и повеќе години во Општина Неготино изнесува 15.430 жители, додека активно население име 8.746 жители, односно 56,68%. Од вкупниот број на активно население, 5.189, односно 59,33% се мажи, а 3.557 или 40,67% се жени. Од вкупниот број на активно население, 4.865 жители се вработени, додека 4.672 жители се невработени. Од невработените 3.397 живеат во градот Неготино, а 1.275 невработени живеат во руралниот дел од општината. Стапката на невработеност изнесува 44,4 и е за 16,54% повисока од просечната стапка на невработеност во РМ, која изнесува 38,1%. Стапката на вработеност изнесува 36,2%. Од вкупниот број на вработени 64,6% се мажи, а 35,4% се жени, додека од невработените 52,8% се мажи, а 47,2% се жени.

Опис на населението по полова, старосна, образовна структура
Половата структура на населението во општина Неготино е следната:

9777 жители се од машкиот пол или процентуално 50.89%

9435 жители се од женскиот пол или 49.11 %.

Во општина Неготино во однос на вкупниот број на жители со старост повеќе од 10 години чиј број изнесува 16906, 16401 жител се писмени , додека 505 жители се неписмени или процентуално 2.99% (на ниво на Република Македонија 3.62%). Поголема неписменост има кај жителите од женскиот пол каде имаме 4.47 % неписмени (во Македонија 5,53%), додека кај машкиот пол таа изнесува 0.75% ( во Македонија 1,71%).

Старосната структура на населението во општина Неготино е:
Табела бр.1

Години

број на жители

процент

0-4

1051

5.47%

5-9

1225

6.38%

10-14

1461

7.60%

15-19

1548

8.06%

20-24

1521

7.92%

25-29

1416

7.37%

30-34

1470

7.65%

35-39

1440

7.50%

40-44

1501

7.81%

45-49

1464

7.62%

50-54

1357

7.06%

55-59

972

5.06%

60-64

867

4.51%

65-69

774

4.03%

70-74

544

2.83%

75-79

351

 
Close Search Window