Природни ресурси
Од рудни богатства на територијата на општина Неготино се наоѓа наоѓалиште на јаглен на површина од 60 км2.
Позначјни површински водотеци во општина Неготино се: Војшаничка, Тимјаничка река, Курјачка река, река Дошница, река Бошавица и река Вардар која поминува низ општина Неготино.
Од животинскиот свет може да се сретнат: дивата свиња, дивиот зајак, срната, волкот, лисицата, еребицата, дивата пајка и дриги помалку застапени видови.
Покрај реката Вардар се застапени врбата, тополите и некои видови грмушки, додека на повисоките места се сретнуваат дабот, буката, габерот и јасенот. Шумските производите кои се добиваат од дрвото како што се: смола, лико, плута, плодови, семе, лист, мов и др.,како и другите шумски производи: лековити и индустриски растенија, шумски плодови, габи, трева се користат односно собираат неконтролиран и доста стихиен начин.
Неорганските ресурси како што се каменот, песокот, глината и тресетот исто така се експлоатираат на неорганизиран и стихиен начин.
Повеќе излетнички места се наоѓаат во општина Неготино, а како најомилено може да се издвои манастирот Св Ѓорѓија.
Во општина Неготино постојат пет ловишта и едно ловно друштво кое има околу 330 членови. Најчесто во општината се ловат следните видови дивеч: див зајак, еребица, гулаб-гривнаш, како дива свиња и лисица.
Во општина Неготино риболовни места се реките Вардар и Дошница кои располагаат со рибен фонд од следниве видови на риба: сом, крап, мрена, клен и белвица.
Клима
Територијата на општината Неготино како дел од областа Тиквеш и Повардарие е под влијаније на медитеранската клима, која продира од југ преку Демиркаписката клисура и на континенталната клима, која продира од север преку Велешката котлина. Климата се карактеризира со:
– просечна температура на воздух 13.5О Ц,
– средна летна температура 24.7 ОЦ,
– средна зимска температура 3.1ОЦ,
– број на денови со температура под 0 ОЦ– 58 и температурна амплитуда 58.6ОЦ.
Најстуден месец е јануари, со средна минимална температура од –1.4˚Ц, додека најтопли месеци се јули и август. Ова подрачје се карактеризира со многу мали количества врнежи, кое на годишно ниво просечно изнесува 450мм/м2. Просечна влажност 67%. Просечно годишно траење на сончевото зрачење изнесува 2230 часа. Најчести ветрови на овој простор се север и северо-западниот ветар.