Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

За Општината...

Општината Неготино е лоцирана во централниот дел од Република Македонија, во областа на средното По вардарје. Му припаѓа на Вар дарскиот регион, а како посебна природна средина му припаѓа на Тиквешковардарски регион. Го зафаќа источниот дел од Тиквешката Котлина, на двете страни од реката Вардар, а на југоисток граничи со Демир Капија. Граничи со општините: на север со општина Штип, на исток со Конче, на југ со Кавадарци, на запад со Росоман и на северозапад со Градско. Зафаќа површина од 414 км2 и во неа живеат 19.212 жители, во градот Неготино и во други 18 населени места, од кои 4 се целосно раселени. Општина Неготино се наоѓа на просечна надморска височина од 150 м. Територијата на општината Неготино, како дел од областа Тиквеш и Повардарје, е под влијание на медитеранската клима, која продира од југ, преку Демиркаписката Клисура, и на континенталната клима, која продира од север, преку Велешката Котлина. 

Водовод и канализација

Водоснабдувањето на градот Неготино се врши од изворот “Лукар”, од кој се снабдува и градот Кавадарци.

Водоводниот систем е составен од следните објекти:

    • Резервоар за ниска зона
    • Резервоар за висока зона
    • Водоводна мрежа за ниска зона
    • Водоводна мрежа за висока зона
    • Подземни против пожарни хидранти за обезбедување на објектите од пожар
  •  Преку градската водоводна мрежа се снабдуваат градското население и индустријата, која се наоѓа во градот.
  • Должина на главни цевоводи 28750 м’, од кои 18000м’ цевки од ПВЦ и 10750 м’ челични цевки
  • Должина на разводна мрежа во градот 32226 м’, од кои 13397 м’ цевки изработени од ПВЦ, 14917 м’ цевки од салонит и 3912 м’ челични цевки.
  • Разводните мрежи за руралните населби во системот се изработени од салонитни цевки (азбест цементни) и се во должина од 8500 м’.
  • Селата Криволак (преку зимскиот период), Тимјаник и Дуброво се снабдуваат со вода од централниот водоводен систем “Лукар”.
  • Индустријата која се наоѓа во општината претежно се снабдуваат од сопствени бунари или комбинирано од сопствени бунари и водоводниот систем.
  • Селото Тремник за снабдување со вода има два зафата. Едниот зафаќа изворска вода, а другиот зафат е од бетонски бунар лоцирана во дворот на ТЕЦ Неготино.
  • Селото Курија сопствен водоводен систем без дезинфекција на водата.
  • Селото Пепелишта се снабдува со вода од бунари кои немаат заштитни зони.
  • Селата Долни Дисан, Вешје и Горни Дисан се снабдуваат од заеднички локален водовод без определени заштитни зони.
  • Село Војшанци се снабдува директнопреку природни извори и од бунари без никаков третман на водата.
  • Селото   Црвени Брегови се снабдува од водовод на живинарската фарма.
  • Максималниот проток на вода во системот “Лукар” изнесува 105л/сек, додека во сушни години 60 л/сек.
  • Среднодневната потрошувачка на вода изнесува 47,0 – 48,0 л/сек, а на годишно ниво изнесува 15000000 м3.
  • Вкупната должина на доводната мрежа изнесува 45000 м’ и цевките се изработени од челик, ПВЦ и азбест-цемент.
  • Загубите на вода во мрежата се 50%.
  • За наводнување на зелените површини во градотсе користат водите од ХМС “Тиквешко Поле”
  • За наводнување на земјоделските обработливи површини се користат системите “Неготино 1 и 2” (површина 2583 ха, се наводнуваат 1399 ха), “Горна Зона Марена” (површина 950 ха, се наводнуваат 789 ха) и “Пепелишта” (површина 938 ха, се наводнуваат 220 ха).
  • Загубите на вода во системите за наводнување изнесува до 30%.
  • Со фекален канализационен систем за прифаќање и одведување на отпадните води 100% покриен е градот Неготино и населбите Тимјаник и Криволак.
  • Испуштање на фекалните и отпадните води се врши во Неготинска река без никакво прочистување.
  • Вкупната должина на канализационата мрежа во Неготино изнесува 45000 метри.
  • Територијата на градот во однос на прифат и одведување на атмосферските врнежи е делумно покриено преку мрежа за прифат и одведување на атмосферските води.
  • Вкупната должнина на атмосферската канализација изнесува 20000м’
Close Search Window