Општината Неготино е лоцирана во централниот дел од Република Македонија, во областа на средното По вардарје. Му припаѓа на Вар дарскиот регион, а како посебна природна средина му припаѓа на Тиквешковардарски регион. Го зафаќа источниот дел од Тиквешката Котлина, на двете страни од реката Вардар, а на југоисток граничи со Демир Капија. Граничи со општините: на север со општина Штип, на исток со Конче, на југ со Кавадарци, на запад со Росоман и на северозапад со Градско. Зафаќа површина од 414 км2 и во неа живеат 19.212 жители, во градот Неготино и во други 18 населени места, од кои 4 се целосно раселени. Општина Неготино се наоѓа на просечна надморска височина од 150 м. Територијата на општината Неготино, како дел од областа Тиквеш и Повардарје, е под влијание на медитеранската клима, која продира од југ, преку Демиркаписката Клисура, и на континенталната клима, која продира од север, преку Велешката Котлина.
Со електрична енергија општина Неготино се снабдува преку две напојни точки: ТЦ 110/35/20/10kV Неготино и ТЦ 35/10kV.
Средното напонско напојување на трансформаторските станици (26 со снаги од 160 до 630 kVA) во градското подрачје се врши од двете станици. Средно напонската мрежа е изведена со 10 kV и 20 kV кабли.
Термоелектраната “Неготино” е лоцирана на територијата на општина Неготино. Инсталиран капацитет 210 MW.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Неготино. Тука можете да ги најдете сите новости, информации, и документи поврзани со работењето на општината.
Адреса:
ул.Ацо Аџи Илов бр 2
1440, Неготино
Работно време:
Понеделник – Петок: 08:00 – 16:00 часот
(Пауза од 11:00 до 11:30 часот)
Телефон / Факс:
+389 043/361 – 045
Е-пошта
info@negotino.gov.mk