Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

За Општината...

Општината Неготино е лоцирана во централниот дел од Република Македонија, во областа на средното По вардарје. Му припаѓа на Вар дарскиот регион, а како посебна природна средина му припаѓа на Тиквешковардарски регион. Го зафаќа источниот дел од Тиквешката Котлина, на двете страни од реката Вардар, а на југоисток граничи со Демир Капија. Граничи со општините: на север со општина Штип, на исток со Конче, на југ со Кавадарци, на запад со Росоман и на северозапад со Градско. Зафаќа површина од 414 км2 и во неа живеат 19.212 жители, во градот Неготино и во други 18 населени места, од кои 4 се целосно раселени. Општина Неготино се наоѓа на просечна надморска височина од 150 м. Територијата на општината Неготино, како дел од областа Тиквеш и Повардарје, е под влијание на медитеранската клима, која продира од југ, преку Демиркаписката Клисура, и на континенталната клима, која продира од север, преку Велешката Котлина. 

Сообраќај

Низ територијата на општина Неготино поминува автопатот М-1 и регионалниот пат Р-107.

    Вкупната должина на постојната градска мрежа во градот Неготино изнесува 25 км, а вкупната површина 17.5 ха. Во општина Неготино има 51 км локални патишта.

    Во општината нема организиран Јавен градски превоз.

  • Вкупно 3174 возила
  • Постоење на одреден број нерегистрирни возила кои се вклучени во транспортот
  • 0.13 возила по глава на жител со просечна старост на возилата од 20 години

    Низ територијата на општина Неготино поминува линијата Табановце-Скопје-Гевгелија.

  • 4 железнички станици: Кукуречни, Криволак, Неготино и Дуброво
  • Индустриски колосек во АД “Повардарие”
Close Search Window