ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Општина Неготино
ОПШТИНА НЕГОТИНО НА РАДОВИШ ЕКСПО 2012 PDF Печати

  Во рамките на одржаниот саем  на Региони во Југоисточна Европа во период од 07 до 09 Јуни 2012 година во Радовиш , на покана од општина Радовиш свој придонес , учество и презентација  во рамките на програмата на организираниот саем даде Вардарскиот плански регион во чии рамки се претстави и општина Неготино.
Вардарскиот плански регион и општина Неготино, реализираа претставување  во рамките на Програмата ,,Радовиш Експо 2012” кој се состоеше од два дела – Изложбено саемско претставување на регионите (општините) и Претставување на Централна презентација ,,Форумски панели”.

Повеќе...
 
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ- ПРОЕКТИ - ЛУДВИГ БОЛЦМАН ИНСТИТУТ PDF Печати

Повик за доставување на предлог проекти 2012

Предлог проект

Предлог буџет

 
Хит театарска претстава “НИ ВАМУ НИ ТАМУ” PDF Печати

   Во организација на општина Неготино, а во рамките на програмата за култура, во чест на одбележувањето на Денот на културата, на 7 јуни (четврток) со почеток од 20.00 часот, ќе биде одиграна хит театарската претстава “Ни ваму, ни таму”. Жанрот на оваа претстава е урнебесна комедија со тематика од современиот живот. Инаку оваа комедија е моментален хит во Македонија со преку 20 изведби за само неколку месеци од премиерата, а истата е учесник и на реномираниот театарски фестивал “Војдан Чернодрински 2012”. Кратко сиже на претставата....Двајца Македонци, едниот иселеник, а другиот доселеник, случајно најдени на еден европски аеродром, на смешен начин ги фалат и кудат предностите и недостатоците на Mакедонија и „светот“. Кој, кај, што било, како ќе биде...Овде било вака, таму онака...Расправии - до тепање. Извонредна актерска игра. Де смешна, де озбилна. Длабока доживеаност и емотивно соголување. Реченици и изрази како пресадени од обичниот, секојдневен живот...Автор на претставата е Бојан Трифуновски, а играат Љупчо Тодоровски Упа, Мони Дамевски, Никола Крумев и др. Одлична можност за сите љубители на театарската уметност: четврток, 7 јуни, 20.00 часот, Центар за култура “Ацо Ѓорчев” - Неготино.                                  Влезот за претставата е бесплатен.

 

 
Традиционален фудбалски турнир “Вардарови петлиња 2012” PDF Печати
  Во организација на општина Неготино и ГФК “Вардар”, оваа година традиционално по петнаесeтти пат ќе се одржи турнирот во фудбал за млади категории (генерација 1999/2000 година) “Вардарови петлиња”. На турнирот ќе земат учество младите надежи на најреномираните фудбалски колективи од Македонија, односно:
“Вардар” – Скопје,
“Пелистер” – Битола,
“Металург” – Скопје,
Фудбалска Академија “Пандев” - Струмица,
“11 Октомври” – Прилеп
 “Вардар” – Неготино.
Турнирот започнува на 9 јуни (сабота) со почеток од 9.00 часот на градскиот стадион во Неготино, а истиот свечено ќе го отвори градоначалникот на општина Неготино г-нот Пане Трајков.
 
Заврши отвореното првенство на Неготино во шах PDF Печати

   На 29 мај (вторник) со доделувањето на наградите за најуспешните учесници, заврши Првото отворено првенство на Неготино во шах во организација на општина Неготино и градскиот шаховски клуб “Неготино”. Наградите во вкупен фонд од 17.000 денари на најуспешните им ги додели градоначалникот на општина Неготино, г-нот Пане Трајков кој беше и покровител на оваа манифестација. Инаку на првенството зедоа учество вкупно 23 напреварувчи кои 5 дена од 25 до 29 мај, одиграа вкупно 9 кола по т.н. “швајцарски систем”. Победник на првото отворено првенство на Неготино во шах е Санде Атанасов кој од можни 9 освои 8 поени, а на второто место се пласираше дванаесетгодишниот исклучително талентиран Тони Лазов, кој освои 7,5 поени. На највозрасниот и најмладиот учесник им беа доделени благодарници за учество на Првото првенство на Неготино во шах.

Повеќе...
 
НЕГОТИНСКИТЕ МАТУРАНТИ ТАНЦУВАА ,, КВАДРИЛ ,, PDF Печати

   Стотина матуранти од СОУ ,, Св. Кирил и Методиј ,, од Неготино заедно со своите врсници од Македонија и од повеќе градови од Европа со изведбата на танцот ,, квадрил ,, оставија белег во меѓународната манифестација ,, Матурска парада ,, со што влегоа во светот на возрасните. Обраќајќи им се на присутните на градскиот плоштад, градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков истакна дека со маатурирањето, матурантите влегуваат во посериозна фаза од животот во која покрај убавите работи се присутни и проблеми и неизвесност, споделувајќи ги сопствените искуства кои говорат дека средношколските денови и матурирањето се паметат целиот живот. Првиот човек на општината апелираше до матурантите во што е можно поголем број да се запишат на една од високообразовните установи во земјава и со тоа да си ги зголемат шансите за идно вработување. За крај, градоначалникот Трајков на сите им го честиташе матурирањето со желби да ги води добра мисла во животот, да имаат добро здравје и среќа и им посака цврсто и успешно да чекорат кон предизвиците на иднината.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Следно > Крај >>

Лист 181 од 205