Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

По завршувањето на активностите за санирање на ударните дупки на повеќе улици во градот каде што истите беа регистрирани, од денеска се започна со поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација на повеќе улици во Неготино. Согласно Програмата, приоритет при посатувавањето на соодветна сигнализација ќе имаат двете главни улици „ Маршал Тито “ и „ Партизанска“, централното градско подрачје, а хоризонтална и вертикална сигнализација ќе се постави и на повеќе други фреквентни улици кои водат до здравствени, образовни, социјални и други установи кои најчесто се користат од страна на граѓаните.

Close Search Window