ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Кодекс за административни службеници

Кодекс за административни службеници
Општина Неготино
ДОДЕЛЕН 100-ТИОТ ВАУЧЕР ЗА НОВОРЕНО ДЕТЕ PDF Печати
   На пригодна свеченост што се одржа во големата сала на општината, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го додели јубилејниот 100-ти ваучер за новородено дете во рамките на третото доделување  на овој вид еднократна помош кое започна од месец септември. Имено, денеска градоначалникот Апостолов додели вкупно 37 ваучери на родители кои во изминатите два месеца-јануари и февруари имале принова во семејството, со што, со предходно доделените за месеците септември и октомври и ноември и декември, се стигна до бројка од 100 доделени ваучери за стимулирање на наталитетот на подрачјето на општина Неготино. Градоначалникот истакна дека се остваруваат предвидувањата базирани на статистички податоци дека годишно во неготинска општина се раѓаат околу 200 бебиња, за што од општинскиот Буџет ќе бидат издвоени средства во висина од околу 1,5 милион денари. Апостолов на сите присутни им ги честиташе приновите во семејство, а тие, задоволни од добиените ваучери, изразија јавна благодарност за поддршката што ја добија од градоначалникот и општина Неготино.
Повеќе...
 
ОДБЕЛЕЖАН ПРАЗНИКОТ ,, СВЕТИ ТРИФУН ,, PDF Печати
   Во рамките на одбележувањето на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација ,, Недела на виното ,, која општина Неготино традиционално ја организира во чест на верскиот празник Свети Трифун, на 14-ти февруари на градскиот плоштад во присуство на неколку илјади граѓани се одржа централната прослава која беше збогатена со културно-уметничка и музичка програма. Православните христијани го прославија празникот со желби за добро здравје и расположение и богат и квалитетн род на лозовите насади. Свечениот чин на закројување на виновата лоза го извршија Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставрески и Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, а по предходно дадениот божји благослов од страна на свештениците од Македонската православна црква ,, Свети Атанасиј,, од Неготино. Честитајќи им го празникот, Вицепремиерот Ставрески ги информираше лозарите дека заклучно со денот на празнувањето, Владата на РМ во целост ги исплатила субвенциите за производителите на грозје, при што на сметките на лозарите од општина Неготино биле префрлени вкупно 105.000.000 денари. Богат и квалитетен род на лозарите и производство на квалитетни вина на винариите во своето обраќање им посака градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој изрази надеж дека и оваа, но и наредните години, бербата и откупот на грозјето ќе поминат во најдобар ред и во релаксирана атмосвера. На 15-тина штандови кои беа поставени на плоштадот, во соработка со бизнис-секторот и винариите, за сите посетители беа обезбедени вино и локални специјалитети од храна, а сето тоа беше пропратено со богата културно-уметничка програма.
Повеќе...
 
ФОРУМ НА ТЕМА ,, РУРАЛНИОТ ВИНСКИ ТУРИЗАМ-МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ ,, PDF Печати
   Општина Неготино располага и нуди солидна основа за развивање на алтернативни форми на туризам , особено во делот на винскиот туризам, од причина што располага со неопходните, за тоа, објекти, организира голем број на културни и стопанско-туристчки манифестации, а има и богато културно-историско наследство- истакна во своето обраќање градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на отворањето на форумот што локалната самоуправа го организираше на тема ,, Руралниот вински туризам-можности и предизвици што се одржа во големата сала на општината. Меѓу другото, градоначалникот Апостолов во делот на потребата за надминување на одредени состојби на овој план, го потенцираше недостигот од туристички пакети кои ќе донесат туристи, како и недостигот од едуцирани водичи и туристички и маркетинг менаџери.
Повеќе...
 
ДЕН НА ВРАНЕЦОТ ВО МАНАСТИРОТ ,, СВЕТИ ЃОРЃИ ,, PDF Печати
   Десеттина винарии од општина Неготино и од соседните општини од Вардарскиот плански регион денеска во галеријата на виното во склоп на манастирскиот комплекс ,, Свети Ѓорѓи ,, се претставија и на посетителите им овозможија да дегустираат едно од најубавите неготински и македонски вина – вранец. Манифестацијата ,, Ден на вранецот ,, за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој истакна дека станува збор за една од најавтохтоните македонски сорти на грозје и вино која ги одушевува сите што ќе го пробаат, а наедно на сите винарии-учесници и на енолозите кои учествуваа во работата на дегустационата комисија им додели благодарници од име на општина Неготино.
Повеќе...
 
СТАВЕНА ВО ФУНКЦИЈА СИГНАЛИТИКА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ PDF Печати
   Регионот на нашата општина располага со многу природни убавини, споменици на природата, како и многу локалитети кои може да имаат повеќе намени и тоа рекреативно-туристички, научно истражувачки, студиско-воспитни си слично, но проблем беше тоа што патеките што водат до нив беа неодбележани и недоволно промовирани- истакна во своето обраќање градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на ставањето во функција на сигналитиката и опремата кои се дел од проектот ,, Промоција, заштита и развивање на природните туристички потенцијали во вардарскиот плански регион преку уредување и одбележување на патеки за планинарење ,,. Преку фотографии поставени на паноа присутните можеа да се запознаат со дел од опремата поставена на потегот Неготино-Витач-Кожув во должина од 40 километри и која се пешачи за 17 часа.
Повеќе...
 
ЗАПОЧНА ПАРТЕРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ВО ДОЛНИ ДИСАН PDF Печати
  Директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и престедателот на месната заедница Тони Ризов со поставување на камен-темелник го означија започнувањето на градежните работи за партерно уредување на централното подрачје во Долни Дисан. Станува збор за спроведување на проектот за партерно уредување на центарот преку Програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој и мерката за обнова и развој на селата во делот на инвестиции за изградба и реконструкција на плоштади, зелени површини или шеталишта во рурални средини. Вкупниот буџет изнесува 7.700.000 денари од кои 6.500.000 се обезбедени од Агенцијата, а останатиот износ од 1.200.000 денари е обезбеден од Буџетот на општина Неготино. Предвидено е поставување на бекатон коцки, хортикултурно уредување на просторот, поставување на урбана опрема и клупи за седење, скали, жардинерии и се останато што ќе придонесе за доловување на еден урбанизиран ефект. Градоначалникот Апостолов потенцираше дека реализацијата на овој проект претставува континуитет на предходно спроведените проекти со кои беа уредени и асвалтирани централните подрачја во Тимјаник, Војшанци и Курија.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Следно > Крај >>

Лист 186 од 244