ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
Започнаа подготовките за одбележување на празникот „ Недела на виното -Св. Трифун 2018“ PDF Print
There are no translations available.

   Како и секоја, така и оваа година општина Неготино благовремено ги започна организационите подготовки за одбележување на„ Недела на виното -Св. Трифун 2018“ со  посебен акцент на празникот на лозарите и организирање  на централниот настан на 14-ти февруари. Во присуство на претставници на локалната самоуправа, лозари, винарии, енолози, здруженија на граѓани, образовни установи, фолклорни друштва и други, во големата сала на општината се одржа првиот состанок на кој присутните беа запознати со изготвената предлог-програма за одбележување на „Св.Трифун“, при што и самите имаа можност да дадат прелиминарни забелешки и предлози. Според предлог-агендата, оваа година манифестацијата со која ќе се одбележи празникот на лозарите и винарите е насловена како „Недела на виното-Св. Трифун 2018“, а предвидено е истата да трае 3 дена со бројни активности кои ќе се одржуваат во деновите понеделник, вторник и среда ( 12, 13 и 14 февруари ). Општина Неготино за оваа година предложи  спроведување на повеќе нови проекти во рамките на манифестацијата, меѓу кои одржување едукативен настан поврзан со вино и грозје- вино терапија и унапредување на можностите за користење на виното и грозјето во козметичката индустрија, организирање на дводневна работилница на ракотворби за вино, декорации на маса за вино и работилници за подготовка на храна, како и отворање на ликовно-копаничарско ателје за креирање препознатлив експонат,  а нема да изостане и традиционалната копаничарска изложба. Исто така, како новина се планира организирање на социјални и спортско-натпреварувачки игри и забава со реквизити за производство и складирање на вино , одржување на хуманитарен базар, музичко ликовен уличен перформанс, збогатување на трајна етно-винска поставка во винскиот дел на Музејот на град Неготино, можност за организирање на тридневна тура во регионот, настапи на фолкорни друштва, денс групи и други музичари. Основна цел е да се понуди програма со содржини која ќе предизвика интерес кај сите генерации граѓани, како и присуство на гости од земјава и странство. Главна новина која се предлага од општина Неготино, а во зависност нормално од временските услови  е тоа што на самиот ден на одбележување на „Св. Трифун“ – 14-ти февруари на градскиот плоштад  програмата се планира да започне претпладне и да трае целодневно .Во вечерните часови пак се планира  забавата да продолжи  на  Старата градска чаршија  . Се разбира ќе бидат застапени и други настани кои и во минатите години беа карактеристични за оваа манифестација со главен акцент на виното. Од општина Неготино информираат дека станува збор за предлог-програма која е подложна на измени и дополнувања, па токму затоа и во наредниот период ќе следува организирање на други состаноци на кои ќе се дефинира што точно  ќе содржи програмата.Општина Неготино во следниот период очекува поголема зиантересираност токму од винариите , од угостителите  и од останатиот приватен сектор од кои се очекува да дадат значаен придонес  во севкупната организација за оваа манифестација . Главната цел е во текот на трите дена од одбележувањето на празникот во Неготино да се привлечат што е можно повеќе гости од регионот, земјава и странство  а со тоа манифестацијата да се издигне на ниво  на препознатлива стопанско-туристичка манифестација.

 
Дефектот отстранет, нормализирано водоснабдувањето во Вешје PDF Print
There are no translations available.

   При изведувањето на градежни активности на патниот правец Горни Дисан - Вешје пред извесен период беше предизвикан дефект на главната водоводна линија преку која жителите на Вешје се снабдуваат со вода за пиење. Согледувајќи ја потребата од итно санирање на дефектот, општина Неготино во соработка со Јавното претпријатие „Комуналец“ ангажираше механизација и работна рака, при што беше интервенирано на отстранување на настанатиот дефект. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков информира дека е набавено и поставено ново црево Ф-63 со должина од 2 километри, со што дојде до нормализирање на водоснабдувањето и жителите на Вешје за сопствените потреби на располагање ги добија неопходните количини вода за пиење. Од општината информираат дека додека дефектот не беше отстранет, во 3 наврати потребите на „вешјани“ од вода за пиење беа задоволувани со дотур на вода во цистерни.

Read more...
 
Посета на установите кои се грижат за здравјето и безбедноста на граѓаните PDF Print
There are no translations available.

   На неколку часа пред дочекот на Новата година, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ги посети и се задржа во краток разговор со вработените во установите кои за време на дочекот беа на своите работни места водејќи грижа за безбедноста и здравјето на граѓаните од неготинска општина. Вработените во Полициската станица, Пожарната и Итната помош при Здравствениот дом го запознаа градоначалникот дека во функција се ставени сите расположливи ресурси со цел да се одговори на потребите на нивните работни обврски. Градоначалникот Делков им посака да имаат што е можно помалку работа за време на празниците, а на сите дежурни им врачи пригодни подароци притоа честитајќи им ја Новата 2018 година.

Read more...
 
Неготино денеска беше „Новогодишен весел бонбонград“ PDF Print
There are no translations available.

  Прекрасен настап на учениците од ООУ„Гоце Делчев“, избор на најубава елка во организација на градската библиотека „Страшо Пинџур“, десеттина штандови на кои се продаваа реквизити со новогодишни мотиви изработени од родителите на дечињата од детската градинка „Фемо Кулаков“, од штитениците во Дневниот центар „Порака“ и од учениците во ООУ „Гоце Делчев“- се моментите кои го одбележаа третиот и последен ден на тридневната манифестација „Новогодишна забава“ што во пресрет на дочекот на најлудата ноќ во годината општина Неготино ја организира со надлежните установи. Имено, денеска на градскиот плоштад се одржа настанот насловен како „Неготино весел бонбонград“, а атратктивната и со богати содржини исполнета програма придонесе неколку стотици граѓани од општина Неготино да излезат од своите домови и да ја проследат програмата која се одвиваше на градскиот плоштад во Неготино. Од локалната самоуправа истакнуваат дека трите дена од Новогодишната забава поминаа во одлична атмосфера и со масовно присуство на граѓаните на плоштадот, што пак ќе претставува дополнителен мотив оваа манифестација да продолжи да се одржува со надградување и на концептот и на содржините на истата, а на задоволство и на учесниците и на граѓаните на општина Неготино.

Read more...
 
Новогодишна забава и базар на градскиот плоштад во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Пријатните временски услови, богатата со содржини Програма, желбата да се проследи настапот на своите најблиски–придонесоа денеска  на градскиот плоштад во Неготино за време одржувањето на Новогодишната забава и базар да присуствуваат голем број граѓани на општината кои имаа можност да уживаат во разновидната програма подготвена од организаторите. Активностите од 3-дневната Новогодишна забава што општина Неготино ја подготви во соработка со надлежните установи започнаа со театарска претстава во изведба на ученици од ООУ „Гоце Делчев“ од нашиот град, а продолжија со настап на ученици од ООУ„Страшо Пинџур“, од СОУ„Св. Кирил и Методиј“, танцовата формација „Зиг-заг“, а денеска завршуваат со годишниот концерт на ОМУ„Владимир Арсовски“ од 19,00 часот. Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој искажа јавна благодарност до сите учесници во програмата и изрази надеж дека преку содржините од истата организаторите ќе успеат да ја доловат новогодишната магија и сите присутни на плоштадот заеднички ќе споделат радосни моменти. Градоначалникот Делков на најмладите им посака многу подароци под нивната елка и исполнување на желбите, а на сите граѓани на општина Неготино многу среќа во нивните домови и уште повеќе љубов во нивните срца.

Read more...
 
Штитениците од дневниот центар „Порака“ добија новогодишни подароци PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општината Тони Делков во пресрет на Новогодишните и Божикните празници ги посети штитениците кои престојуваат во Центарот за лица со ментален хендикеп „Порака“ од Неготино. За нив локалната самоуправа обезбеди  новогодишни подароци кои  градоначалникот Делков им ги подели на штитениците кои искрено се израдуваа на вниманието и добиените новогодишни пакетчиња. Присуството на градоначалникот и претставниците на општина Неготино беше искористено штитениците од „Порака“ да се претстават со пригодна празнична програма исполнета со песни, игри и рецитации за што од страна на присутните беа наградени со бурни аплаузи, а во знак на благодарност за посетата и добиените подароци, тие на градоначалникот Делков му врачија пригоден подарок изработен од нив при спроведувањето на активностите за време на нивниот престој во дневниот центар „Порака“.

Read more...
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 10 of 148