Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на околу 420 дечиња кои престојуваат во двата клона „Пролет“ и „Мајски цвет“ при детската градинка „Фемо Кулаков“ од нашиот град им додели и ќе им додели новогодишни пакетчиња кои локалната самоуправа ги обезбеди во соработка со фирмата „Дуки Дасо“. Денеска (вторник) градоначалникот престојуваше во клонот „Пролет“ каде на задоволство и радост на дечињата им подели пакетчињата, а утре (среда) новогодишни пакетчиња ќе им додели и на дечињата од клонот „Мајски цвет“. Инаку, како и секоја, така и оваа година вработените во градинката за дечињата и за присутните гости подготвија и изведоа пригодна и прекрасна предновогодишна претстава , на огромна радост на дечињата кои со песна и игра и самите се вклучија во изведбата на истата. Директорката на градинката Јана Коцева и градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ја искористија приликата на сите дечиња, нивните родители и вработените во оваа установа да им ја честитаат Новата година посакувајќи им многу здравје и среќа во 2018-та година. |
Повеќе...
|
|
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков придружуван од своите соработници денеска ги посети игралните во кои престојуваат и се едуцираат дечиња од предшколска возраст во населените места Долни Дисан, Тимјаник, Црвени Брегови и Криволак, а според агендата утре ќе бидат посетени и игралните во Пепелиште, Војшанци и Тремник. Овие посети се со цел градоначалникот Делков на околу 120 дечиња кои престојуваат во 7-те игрални во селата во општината во пресрет на Новогодишните и Божикните празници да им подели новогодишни паткетчиња, да им посака да бидат добри и примерни ученици, со искрени желби за се најдобро во Новата 2018-та година за нив, за наставниците и нивните родители. Дечињата кои денеска добија новогодишни пактечиња му се заблагодарија на градоначалникот Делков за вниманието и за подароците, а неговото присуство го искористија со песнички и игри да создадат еден весел и пријатен предновогодишен амбиент. |
Повеќе...
|
Општина Неготино со задоволство ве поканува на градскиот плоштад во деновите од 26 до 28 декември (вторник, среда и четврток) сите заедно да ја почувствуваме новогодишната магија и да споделиме радосни моменти. Повелете на градскиот плоштад во Неготино и уживајте во предновогодишната магија. Да ја дочекаме новата 2018 година со песна и радост во весело и пријатно расположение. Еве ја програмата со настани и активности: 
|
Повеќе...
|
На седницата на општинскиот Совет (19.12.2017) свое обраќање до советниците и до граѓаните на општина Неготино имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој се осврна на актуелната финансиска состојба во која се наоѓа општината, како и за планираните проекти за реализација во наредната 2018-та година. View on YouTube |
Во четврток на 21. 12. 2017 година со почеток во 18.оо часот, во салата на општина Неготино, ќе се одржи презентација на тема „Енергетска ефикасност во домови и други објекти“. Презентацијата е во организација на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Варадарскиот плански регион. Презентацијата опфаќа три дела и тоа: Општо за енергетската ефикасност и значење на истата Енергетска ефикасност во домови и други објекти Потенцијали кај нас и придобивки од енергетска ефикасност Презентацијата ќе ја реализира раководителот на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Варадарскиот плански регион, Ванчо Петров и на истата се поканети и можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино. |
Повеќе...
|
Како градоначалник на општина Неготино, долгогодишен спортист и љубител на спортот, би сакал на неготинските кошаркари да им го честитам освојувањето на првото место во Третата кошаркарска лига и да им посакам успешни резултати и во пролетниот дел од натпреварувањето. Имено, по завршувањето на есенскиот дел од сезоната и деветте одиграни кола во третата кошаркарска лига, неготинските кошаркари иако новајлии во лигата, со само еден несреќен пораз и осум убедливи победи, стигнаа до титулата есенски првак во ова натпреварување и ја најавија својата кандидатура за влез во втората, исклучително силна македонска кошаркарска лига наредната сезона. Честитки за залагањето и упорноста на кошаркарите и раководството на КК “Спорт Тим”, се надеваме дека неготинската кошарка повторно ќе се врати на старите патеки и дека во иднина во Неготино ќе гледаме квалитетна кошарка, а јас како градоначалник и локалната самоуправа и понатаму ќе продолжиме со поддршката за овој спортски колектив во рамките на расположливите финансиски можности. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>
|
Лист 11 од 148 |