О Т Ч Е Т

GUIDE FOR INVESTORS

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
НОВА УЧИЛИШНА ЗГРАДА ВО ЦРВЕНИ БРЕГОВИ PDF Печати
       Министерот за образование и наука Никола Тодоров, амбасадорот на Република Австрија во Македонија д-р Алоис Краут и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на пригодна свеченост во употреба ја предадоа новоизградената училишна зграда во с. Црвени Брегови.
Повеќе...
 
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДАТА И ОПШТИНСКИТЕ ПРИЗНАНИЈА PDF Печати
      Врз основа на општинскиот Статут и одлуката за востановување на општински награди и признанија, а по предходно донесена одлука од Советот на општината, на свечената седница беа доделени наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември. Највисоката општинска награда 8-ми Ноември годинава беше доделена на Трговското друштво – Фабрика за кабли Зденка од Неготино за остварени резултати во областа на стопанството, додека признанието 8-ми Ноември им беше доделено на д-р Гоце Цилев од Институтот за сточарство при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј ,, -  Скопје, на групата Распеани пензионери од Неготино, на Раде Стојановиќ - ракометен репрезентативец на Македонија, на м-р Ангел Ристов - асистент на Правниот факултет - Јустинијан Први, на фирмата Росал - ДС од Д.Дисан, на одделот за техничка соработка на Амбасадата на Австрија во Македонија и постхумно на Никола Бојаџиев - спортски работник од Неготино. Наградите на добитниците им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков.
 
СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
       По повод 8-ми ноември – Денот на ослободувањето на Неготино и оваа година во кино салата на Центарот за култура ,, Ацо Ѓорчев ,, се одржа традиционалната свечена седница на Советот на општина Неготино. На седницата присуствуваа актуелниот и поранешни градоначалници и претседатели на општината, советниците во Советот, претставници на организацијата на борци и членови на семејствата на загинати учесници во НОБ, парламентарни делегации од Собранието на РМ, претставници на збратимените градови со Неготино, како и други заинтересирани граѓани.
 
Повеќе...
 
АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД 8-МИ НОЕМВРИ PDF Печати
       Во чест на одбележувањето на празникот на општина Неготино – 8-ми Ноември, во организација на локалната самоуправа, а во соработка со институции и поединци, беа реализирани повеќе пригодни активности. Меѓу другото, на иницијатива на неуморниот ентузијаст – професорот Дионис Пашлаков со асистенција на претставници на Авто – мото сојузот на Македонија во нашиот град се одржа  најмасовната ревијална изложба на олд – тајмери досега организирана во Македонија. На изложбата со сопствени стари возила учество зедоа љубители на стари автомобили од повеќе градови од земјава, а граѓаните од општината во голем број излегоа на градскиот плоштад каде што беа лоцирани олд – тајмерите и со нескриена доза на љубопитност ги разгледуваа возилата кои се произведени и по патиштата се движеле  пред повеќе од половина век. Самата изложба имаше и натпреварувачки карактер, а на сопствениците на најатрактивните олд – тајмери им беа врачени пригодни награди.
Повеќе...
 
КОМИСИЈА ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ PDF Печати

     Градоначалникот и Советот на општина Неготино, преку Комисијата за јавни дејности ги известуваат сите активни спортски клубови, здруженија на граѓани и невладини организации од општината, дека најдоцна до 15 ноември 2009 година до 16.00 часот, во Општинскиот Услужен Центар треба да ги достават следните документи:

 

Повеќе...
 
ЧЕТВРТОК – ПРИЕМЕН ДЕН НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ PDF Печати
     Своите проблеми, било да се од лична природа или пак да станува збор за проблеми со кои се соочуваат граѓаните во местото на живеење, можат да ги пренесат и помош или совет да побараат на средбите со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кои се одржуваат еднаш во текот на работната недела. За таа цел, четврток е утврден како ден за средби со населението, но за да не се создаваат непотребни гужви, секој граѓанин кој е заинтересиран да оствари средба со градоначалникот треба да има предходно договорен термин. Во изминатиот период над 500 граѓани од општината имаат остварено средби со првиот човек на општината, при што најчесто се бара помош при вработување, за решавање на проблеми од социјалната заштита, како и замногу други лични или општи потреби. На средбите со градоначалникот Апостолов се дискутира и за прашања во делот на тековните активности на општината, потоа за актуелни проблеми во урбаните и во месните заедници, а се разгледуваат и можните начини за решавање на истите.
 
<< Почеток < Пред 121 122 123 124 125 126 127 Следно > Крај >>

Лист 125 од 127