ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА ЌЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТ ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Општина Неготино беше посетена од претставници на Американската амбасада во Македонија и војници од инжинерската бригада на армијата на САД сместени во базата во Германија, а кои во април годинава ќе земат активно учество на воена вежба на полигонот Криволак, но за време престојот ќе се ангажираат и за давање придонес кон локалната заедница. На средбата, беа предложени повеќе проекти за работа, а како дел од процесот беа посетени детската градинка, основното училиште во градот и подрачното училиште во селото Долни Дисан. По извршениот увид на лице место, припадниците на инжинерската бригата на армијата на САД констатираните состојби ќе ги презентираат пред своите претпоставени, по што ќе се изврши избор кој проект ќе биде реализиран додека престојуваат во општина Неготино.
 
ДАРКО ЈУСУФОВ НАЈБРЗ ДО СВЕТИОТ КРСТ PDF Печати
   Дарко Јусуфов од неготинското село Дуброво беше најумешен и најсреќен и прво стигна до светиот крст што по повод верскиот празник Богојавление – Водици беше фрлен во водите на реката Вардар од страна на Македонската православна срква Свети Атанасиј од Неготино. Оовој верски спектакл благодарение на прекрасните временски услови и интересот на граѓаните, беше проследен од неколку илјади посетители кои присуствуваа на чинот на фрлањето и фаќањето на крстот. Во водите на Вардар влегоа вкупно 33 учесници, а на најуспешниот Јусуфов градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков му подари пригодна награда.
Повеќе...
 
СЕ ИЗВЕДУВА ВОДОВОДНА И ФЕКАЛНА ЛИНИЈА ВО ,,ГРАДСКА ПОРТА ,, PDF Печати

  Со средства во висина од 3.300.000 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино во населбата ,, Градска порта ,, работници на претпријатието Пер-инжинеринг се ангажирани на изведување на водоводна линија и фекална канализација за потребите на сопствениците кои на споменатиот потег имаат купено плцови за изградба на индивидуални станбени објекти. Вдоводната линија се надополнува со нови 200 метри за што од Буџетот ќе бидат реализирани средства во висина од 1.200.000 денари, додека заизведувањето, т.е. надополнувањето на фекалната канализација ќе бидат издвоени 2.100.000 денари. По завршувањето на работите, сите станбени објекти што ќе се градат ќе можат да се прикллучат на водоводната мрежа и на фекалната канализација.

Повеќе...
 
ТВ ИНТЕРВЈУ НА НЕГОТИНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПАНЕ ТРАЈКОВ PDF Печати
  Во рамките на спроведувањето на зацртаните цели за отчетно и транспарентно работење, градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков даде 40-минутно интервју за регионалната КТВ телевизија. Притоа, тој одговараше на многуборјните прашања на новинарот осврнувајќи се , пред се, на реализираните проекти и активности на локалната самоуправа во текот на минатата година преку чие спроведување се придонесува за подобрување на севкупните услови на живеење на граѓаните од општина Неготино. Меѓу другото, Трајков се говореше и за решавањето на проблемот со водоснабдувањето, комуналната изградба, распишаниот тендер за асфалтирање на улици во градот и населените места, односно за се она што како активност е и ќе биде присутно во функционирањето на локалната самоуправа.
 
ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ ВО НЕГОТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА PDF Печати
   Врз основа на Законот за локална самоуправа и Статутот на општина Неготино, советниците во општинскиот совет на последната одржана седница донесоа одлука за организирање на дневен престој во основните општински училишта во општина Неготино. За таа цел, Советот на општина Неготино ги задолжи одговорните во основните општински училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур да организираат дневен престој за учениците кои посетуваат настава од прво до петто одделение. Дневниот престој се очекува да започне да функционира со стартот на второто полугодие од учебната 2012/2013 година.
 
ПОПЛОЧЕН ДВОРОТ ВО НЕГОТИНСКОТО УЧИЛИШТЕ СТРАШО ПИНЏУР PDF Печати
  Во Општинското основно училиште Страшо Пинџур во Неготино завршија градежните активности за уредување на училишниот двор. Притоа, со бехатон коцки извршено е поплочување на просторот пред училишната зграда, како и делот пред новоизградената фискултурна сала, при што е извршено поплочување на околу 1.200 метри квадратни. Со реализацијата на овој проект во голема мерка е зголемена безбедноста на учениците кои посетуваат настава во оваа образовна установа, а паралелно значително е подобрен и естетскиот изглед на дворот во училиштетот Страшо Пинџур.
 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 140 од 175