ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
АНГАЖИРАНИ 31 НЕВРАБОТЕНО ЛИЦЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ ЈАВНИ РАБОТИ PDF Печати

   Општина Неготино ги ангажираше првите 31 невработени лица за извршување на јавни работи во наредните 6 месеци, а во согласност со проектот на Владата на РМ. Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој оствари средба со лицата кои ќе бидат работно ангажирани и со раководителката на Бирото за вработување Кристина Чадамова  истакна дека за оваа намена за 20 ангажирани лица средствата се обезбедени од Владата, додека работниот ангажман на 11 лица ќе се плаќа со средства од општинскиот Буџет. Притоа, беше потпишан и Меморандумот за ангажирање на 31 лице, а основната цел на проектот е да им се помогне на социјално ранливи семејства каде што никој не е вработен. За време на шестмесечниот работен ангажман лицата ќе добиваат финансиски надомест од 7.600 денари месечно во кои е вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување, а го задржуваат и правото на здравствено осигурување.

Повеќе...
 
АМБАСАДОРОТ ВОЛЕРС НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈКОВ PDF Печати

  Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс престојуваше во еднодневна посета на Неготино при што оствари средба и се задржа во разговор со градоначалникот Пане Трајков. Домаќинот Трајков упати јавна благодарност на САД кои и даваат поддршка на земјата и на Неготино, како и на агенцијата УСАИД со чија поддршка општината во изминатите десетина години реализираше проекти кои се од приоритетно значење за Неготино, како што се реконструкција на училишта, поддршка на НВО и сличлно, а високиот гостин беше запознат и со потенцијалите на општината за развој на индустријата, можностите за привлекување нови инвеститори, како и можностите за отворање на нови работни места. Амбасадорот Волерс посочувајќи оти е првпат во Неготино информираше дека со градоначалникот Трајков зборувале за предизвиците со кои се соочува првиот човек на градот, за невработеноста, за отворањето нови фирми, економскиот раст на градот и за проблемот со недостигот од вода за пиење. Тој подвлече дека ги посетува градовите во Македонија бидејќи смета дека градоначалниците се тие кои се справуваат со проблемите на граѓаните и кои најдиректно ја познаваат основата на нивните проблеми.

 
ВИЦЕПРЕМИЕРОТ СТАВРЕСКИ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД БИЗНИС-СЕКТОРОТ PDF Печати

   За време престојот во Неготино, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одржа работна средба со претставници на бизнис секторот од општината на која се расправаше за повеќе актуелни теми. Меѓу другото, тој ги информираше присутните дека Владата на РМ од Европската инвестициона банка има обезбедена кредитна линија во висина од 100 милиони евра – средства кои се веќе достапни за малите и средни претпријатија. Оваа мерка е донесена со цел да се подобри ликвидноста на фирмите и да се зголеми производството во малите и средните претпријатија кои се најпогодени од кризата во Европската унија, а достапните кредити се со поволна фиксна каматна стапка од 5,5 отсто. Вицепремиерот Ставрески додаде дека 70 отсто од новата кредитна линија е наменета за мали и средни претпријатија, а останатите 30 отсто ќе можат да бидат искористени и од страна на големите компании за приоритетни проекти. Тој ги повика компаниите да изготват квалитетни бизнис планови кои се неопходни за подигнување кредит од третата кредитна линија, со напомена дека рокот на враќање е 8 години со 2 години грејс период.
На средбата вицепремиерот информираше дека во законскиот рок исплатени се вкупно 740 милиони денари по основ на субвенции за лозарите, винариите и земјоделските стопанства и најави дека ваквата поддршка продолжува и во иднина. Претставниците на бизни секторот беа информирани и за напорите што Владата ги прави за донесување на гасот како енергенс во нашата држава и за изградба на гасификациска режа, додавајќи дека ова е значајно од причина што гасот до Неготино би требало да пристигне во првата фаза од изградбата на гасификацискиот систем.

Повеќе...
 
ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА ОД ПРОГРАМАТА ,, ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА ,, PDF Печати
   На 12 јули, четврток, со почеток од 18 часот ќе се одржи втората по ред форумска сесија во рамките на програмата ,, Форуми во заедницата ,, на која според агендата најнапред ќе се изврши преглед на процесите и структурата на Форумот и дефинирање на работните маси, ќе се објасни темата ,, Управување со отпадот на подрачјето на општина Неготино, а ќе се изврши и идентификација и дефинирање на проблемите. Веднаш потоа ќе се води дискусија за предлог-решенија, проектни идеи и препораки, ќе се презентира форматот за Концептот на предлог-проект, а ќе се формираат и работни групи за развивање на концепти на предлог-проекти. На втората форумска сесија в четврток од 18 часот ќе се утврдат и следните чекори со давање инструкции за работните групи, ќе се договори датумот за третата форумска сесија, а ќе се даде и оценка на предходно одржаната сесија.
 
ФИНИШИРА АСфАЛТИРАЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ ВО ТИМЈАНИК PDF Печати

   Градежната оператива на фирмата ,, Стојменов ,, од Кочани финишира со активностите во делот на асфалтирањето на централното подрачје во Тимјаник. Вкупната вредност на овој проект изнесува 10.000.000 денари- средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а со градежните работи е опфатена вкупна површина од 4.300 метри квадратни, при што се уредува центарот и одделни краци кои се спојуваат со истиот, како и уредување на главната улица која минува низ населбата. Во првата фаза од работите на терен беше активна фирмата ,, Алфа-инжинеринг ,, која ги изведе работите околу оформувањето на централното подрачје, поставување на контурите на улиците, поставување на бетонски рабници и тротоари, за што од општинскиот буџет се издвоија средства во висина од 4.000.000 денари. Во втората фаза, фирмата ,, Стојменов ,, од Кочани го врши асфалтирањето на овој простор- централното подрачје на населбата, за што од Буџетот на општината Неготино се реализираат средства во висина од 6 милиони денари. Според зборовите на одговорните, веднаш по завршувањето на асфалтерските работи, ќе се пристапи и кон хортикултурно уредување на центарпот со засадување на дрвја, посадување на трева и поставување на придружни елементи за одмор и релаксација на локалното население.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>

Лист 143 од 170