ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА НАЦИОНАЛНИОТ ГАСИФИКАЦИОНЕН СИСТЕМ ВО Р. МАКЕДОНИЈА PDF Печати

   ДЕЛНИЦАТА 1 ОД ГАСОВОДОТ ОД КЛЕЧОВЦЕ ДО НЕГОТИНО СО КРАК ДО ТЕРМОЕЛКЕТРИЧНАТА ЦЕНТРАЛА ПРЕТСТАВУВА ДЕЛ ОД КОМПЛЕКСНИОТ ГАСИФИКАЦИОНЕН СИСТЕМ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ВОСПОСТАВИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЦЕЛА ДРЖАВА И СО КОЈ ЌЕ СЕ ОВОЗМОЖИ РАЗВОЈ НА ПОСТОЕЧКАТА ГАСНА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ПЕРИОДОТ 2010-2040-ТА ГОДИНА.  СО ТОА, ПРАКТИЧНО СЕ РЕАЛИЗИРААТ ПРЕПОРАКИТЕ ОД СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА КОЈА ГО ДЕФИНИРА ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО ДРЖАВАТА СО ЦЕЛ ОБЕБЗБЕДУВАЊЕ СИГУРНО И КВАЛИТЕТНО СНАБДУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СО ЕНЕРГИЈА.  А ТОКМУ ВО СТРАТЕГИЈАТА ОСОБЕНО ВНИМАНИЕ СЕ ПОСВЕТУВА НА ПОИНТЕНЗИВНАТА ЗАМЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА СО ПРИРОДЕН ГАС- БЕШЕ РЕЧЕНО НА ДЕНЕШНАТА ЈАВНА РАСПРАВА НА КОЈА ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВАТА ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ И ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРАА СТУДИЈАТА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ПРОЕКТОТ ,, НАЦИОНАЛЕН ГАСИФИКАЦИОНЕН СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ДЕЛНИЦАТА ОД КЛЕЧОВЦЕ ДО НЕГОТИНО СО КРАК ДО ТЕРМОЕЛЕКТРИЧНАТА ЦЕНТРАЛА НЕГОТИНО.

Повеќе...
 
Априлијада 2012 – Маскенбал PDF Печати

  Во организација на Општина Неготино, а во соработка со детската градинака “Фемо Кулаков” – клон “Мајски Цвет” и клон “Пролет”, двете основни училишта, средното училиште “Св. Кирил и Методиј” и Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”, оваа година на 2 Април (понеделник) се одржа традиционалниот маскенбал по повод Денот на шегата. Масовното учество на најмладите наши сограѓани, поддржано со учеството на учениците од основните и средното училиште низ фотографии...

Повеќе...
 
Реализирани двете претстави со кои општина Неготино го одбележа Светскиот ден на театарот 27 март PDF Печати
 На 29 март во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино беше изведена театарската претстава “Кара Дончо” во изведба на Народниот театар од Штип. Ова беше втората од двете претстави со кои општина Неготино го одбележа Светскиот ден на театарот 27 март. Претходно, на 27 март аматерскоит театар од Демир Капија се претстави со комедијата “Не шетај гола”.
 
ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНАТА PDF Печати

Врз основа на истражувањата за задоволството на граѓаните од општинските услуги направени во Единицата на локална самоуправа Неготино, а спроведени  од страна на Фондацијата Отворено општество Македонија во соработка со Центарот за развој на локална демократија, изготвен е извештај насловен како ,, Гласот на граѓаните ,, во кој е дадена споредбена и квантитативна анализа врз основа на добиените резултати од истражувањата. Овој извештај е резултат на теренското испитување со цел да се измери задоволството на граѓаните од услугите што ги добиваат од локалните власти, а со надеж дека истиот ќе даде свој придонес за понатамошен развој на децентрализацијата и создавање на регулаторна рамка во насока на јакнење на административните, техничките и финансиските капацитети на општина Неготино, со единствена цел за подобрување на квалитетот на услугите кои локалната самоуправа им ги испорачува на граѓаните. Генералната оцена за тоа колку се задоволни граѓаните од услугите за кои што се надлежни градоначалникот и локалната самоуправа се дадени во табелата подолу.

 

Повеќе...
 
ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА САЛА ВО ООУ ,, СТРАШО ПИНЏУР ,, PDF Печати

  Претседателот на Владата на РМ Никола Груевски, министерот за образование и наука Панче Кралев и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на пригодна свеченост во употреба на ја предода новата училишна спортска сала во склоп на ООУ ,, Страшо Пинџур ,, која е дел од проектот на Владата за изградба на 180 спортски сали во Македонија, а за нејзината изградба се издвоени 24 милиони денари. ,, Спортот и часот по физичко образование значат здравје и насочување кон други вредности, наместо кон пороците на деншното време. Спортот значи учење од мали нозе да се победува, да се претрпи пораз и подготовка за следниот натпревар, со еден збор спортот ги учи младите да се борат во животот, да учествуваат во колективни игри и да победат ,, - рече Премиерот Груевски пред многубројните граѓани кои присуствуваа на свечениот чин.

Повеќе...
 
КРПЕЊЕ НА УДАРНИ ДУПКИ НА УЛИЦИ ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Врз основа на утврдената фактичка состојба на терен од страна на стручните служби во општината и по реакциите на граѓаните, локална самоуправа Неготино во координација и соработка со Македонија пат реализираше акција за крпење на ударните дупки на најфреквентните улици во градот. Со таканаречена ,, ладна маса,, се пополнуваа дупките на улиците Маршал Тито и Партизанска, како и на други улици кај кои беа регистрирани оштетувања кои го отежнуваа нормалното одвивање на сообраќајот. Инаку, деновиве заврши тендерската постапка, така што во најскоро време-во текот на март, општина Неготино ќе започне со асфалтирање на неколку улици во градот. Според Програмата за работа, ќе се врши асфалтирање на улиците Владо Арсов Шпанац, Манчо Малиминов, Кирил и Методиј, Питу Гули, како и пристапниот пат до Железничка станица во Неготино.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Следно > Крај >>

Лист 151 од 173