Општина Неготино
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА ЧРНОМЕЉ ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на меѓународната соработка што ја реализира локалната самоуправа, во посета на нашиот град беше делегација од општина Чрномељ- Република Словенија со која општина Неготино има потпишано меморандум за соработка. Словенечката делегација која беше предводена од градоначалничката Мојца Чемас Стјепановиќ беше примена во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, при што средбата беше искористена за поблиско меѓусебно запознавање и размена на искуства од функционирањето на двете локални самоуправи, а беа разгледани и можностите за продлабочување на веќе остварената меѓусебна соработка. За време престојот, делегацијата од Чрномењ ги посети изложбите во градскиот Музеј и ТИЦ Желкова куќа, направи прошетка со краток одмор на старата градска чаршија, заедно со домаќините го посети и се запозна со археолошкиот локалитет Стоби, а исто така б гостите од Словенија го посетија, разгледаа и уживаа во убавините на прекрасниот манастир Свети Ѓорѓи. Исто така, имаа можност да ја посетат и копаничарската работилница на Зсружението ,, Стари занаети ,, а наедно се посети и еден стопански субјект од општина Неготино.

Read more...
 
ОТВОРЕНИ ДВЕ ИЗЛОЖБИ ВО НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

  Во организација на Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија, а во соработка со локалната самоуправа и Музејот на град Неготино, во нашиот град се изврши отворање на две изложби. Првата беше поставена во изложбениот салон на градскиот Музеј и на истата  присутните заинтересирани имаа можност да ги разгледаат 50-тината фотографии на еден од најпознатите унгарски уметници Јанош Ејферт. За значењето на изложбата говореше градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, а изложбата за отворена ја прогласи амбасадорот на Република Унгарија во Мкедонија Јожеф Бенце. Истиот ден, во просториите на Туристичко-информативниот центар амбасадорот Бенце и градоначалникот Трајков отворија уште една изложба која претставуваше колекција на слики од Унгарската историја, со што, како што беше истакнато, заинтересираните посетители низ слика и збор имаа можност да се запознаат со историјата на оваа пријателска земја.

Read more...
 
УНГАРСКИОТ АМБАСАДОР БЕНЦЕ ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

  За време одржувањето на тридневната стопанско-туристичка и културна манифестација Неготински панаѓур, а во рамките на соработката што локалната самоуправа ја започна со општината Ноќката, во еднодневна работна посета во Неготино престојуваше Неговата Екселенција – амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Јожеф Бенце. Притоа, амбасадорот беше примен и оствари средба со градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков со кого разговараа на повеќе теми, при што првиот човек на општината го запозна гостинот со функционирањето на локалната самоуправа, потенцијалите  за развој на општината, состојбите во културата и образованието, а се разговараше и за можностите за развој на соработката меѓу општините Неготино и Ноќката. За време престојот, амбасадорот Бенце имаше можност да направи кратка прошетка низ централното градско подрачје, а наедно оствари средба и со дел од советниците во Советот на општина Неготино.

Read more...
 
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА НОЌКАТА-УНГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Шестчлена делегација на општина Ноќката – Република Унгарија е во тридневна официјална посета на општина Неготино. Во делегацијата која е предводена од градоначалникот Јанош Кочи застапени се и претставници од бизнис секторот од оваа унгарска општина која има околу 14.000 жители. Контактите за соработка помеѓу двете општини која предвидува да резултира со збратимување се остварени благодарение на амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Јожеф Бенце при остварена средба со градоначалникот Трајков. За Унгарската делегација беше организиран прием во кабинетот на првиот човек на градот, а средбата беше искористена за меѓусебно запознавање и за реализирање на видео – презентација преку која гостите се запознаа со личната карта на општина Неготино. За време престојот во нашиот град, гостите од ноќката ќе имаат можност да се запознаат со убавините на Неготино со посета на неколку стопански капацитети и културни установи, а предвидено е и одржување на две ликовни изложби.

Read more...
 
СЕ ОДРЖА МУЛТИМЕДИЈАЛНАТА НЕГОТИНСКА ВЕЧЕР PDF Print
There are no translations available.

 Како и секоја, така и оваа година во пресрет на верскиот празник„Мала Богородица„ и одржувањето на тридневната стопанско – туристичка манифестација „Неготински Панаѓур„ на градскиот плоштад во присуство на голем број граѓани се одржа традиционалната „Мултимедијална Неготинска Вечер„ со што е означен стартот на петдневното празнување во нашиот град. Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој на присутните и на сите останати граѓани на општината, но и на големиот број гости од земјава и странство кои се очекува да присуствуваат за време на одржувањето на неготинскиот панаѓур им посака празнувањето да им помине во добро расположение, а неготинци и овој пат да ја демонстрираат нивната на далеку позната гостопримливост. Свое обраќање пред публиката имаше градоначалникот на општина Ноќката – Јанош Кочи, а присутните на градскиот плоштад имаа повеќе од 4 часовно другарување со естрадни уметници од општината и Македонија.
Read more...
 
НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР 2012 PDF Print
There are no translations available.

   

 

Read more...
 
<< Start < Prev 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Next > End >>

Page 157 of 185