Втор информативен ден за земјоделците од општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“wa-mbrella, денеска во Неготино се одржа вториот информативен ден за земјоделците од вкупно  планираните шест информативни денови во рамките на проектот. Клучниот експерт за води и биодиверзитет Ѓоко Зороски имаше излагање за управувањето со водите на национално ниво со осврт на влијанијата врз квалитетот на водата како резултат од земјоделските активности, експертот за хидрологија Атанас Угрински изврши претставување на расположливите водни ресурси во општина Неготино, додека експертот за земјоделски науки м-р Апостол Чугунцалиев говореше за добрите практики за наводнување на полињата и користа на земјоделците од нивната примена. На денешниот втор информативен ден Чугунцалиев имаше излагање и за добрите практики за употреба на заштитни средства за културите и презентација на заштитни средства за органско производство, за на крајот клучниот експерт Ѓоко Зороски пред присутните да ги презентира заклучоците со што и заврши вториот информативен ден за земјоделците.