Се одржа вториот инфо ден за проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ PDF Печати

  Општина Неготино беше домаќин на вториот по ред информативен ден во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ од ИПА програмата за прекугранична соработка-проект кој заеднички се спроведува со водечкиот партнер општина Алмопија-Грција, комуналното претпријатие од Алмопија и ЈП Комуналец-Неготино.Како што истакна претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов кој го отвори настанот, генерално проектот Wa_mbrella дава одговор на прашањето како можат локалните власти, а посебно органите на локалната самоуправа  со комуналните претпријатија да придонесат за заштита на биолошката разновидност и чуствителните еко-системи,  бидејќи со проектот се предлагаат мерки и активности во севкупниот пристап во управувањето со водите во општините Неготино и Алмопија со очекување заштитата на екосистемите да произлезе од интервенциите во три области и тоа наводнување, канализација и водоснабдување. Предложено е вкупното времетраење на проектот да биде 22 месеци, но веќе е најавена можноста и потребата од негово продолжување со цел планираните активности во целост да бидат реализирани. Пресек на проектните активности на општина Неготино и ЈП Комуналец направи проектниот менаџер на општина Неготино Лолита Ристова, додека проектниот менаџер на општина Алмопија Никос Цимас ги презентираше проектните активности на водечкиот партнер општина Алмопија и тамошното комунално претпријатие. Свои обраќања на информативниот ден имаа Влатко Трпески и Сашко Јорданов од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Љупка Димоска Зајков од секторот води. Активностите продолжуваат и во текот на утрешниот ден.