Градоначалникот Делков потпиша договор за изведба на колектор за отпадни води PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и претставникот на фримата изведувач на работите „Асфалт“ ДООЕЛ од Скопје го потпишаа договорот за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем во Неготино. Како што информираше градоначалникот Делков вредноста на договорот изнесува 207.967 евра, а надзор на градежните работи ќе врши фирмата „ Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл и други “ ДОО Скопје. Изградбата на овој колектор е во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина со акроним wa-mbrella “ кој е склучен помеѓу општина Алмопиа- Република Грција како водечки партнер во проектот и општина Неготино како проектен партнер 2.  Работите на терен се очекува да започнат наскоро, а рокот за изведба е 6 месеци односно до  јули 2020 година.