Затворени сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми како и викенд населби PDF Печати
   Општина Неготино ги информира сите граѓани дека од денес 16 април ( четврток ) од 16:00 часот до 05:00 часот во вторник 21 април 2020 година се забранува движење и групирање , односно затворени се сите паркови, излетнички места, места за рекреација во паркови и шуми како и викенд населби, согласно одлуката донесена од страна на Владата. Забраната е донесена на предлог на Главниот координативен штаб и истата повлекува затворање на овие локации, а од страна на МВР ќе бидат вршени интензивни контроли на овие места.