Тони Лазов победник на градското првенство во шах PDF Печати
   Сите седум кола од третото по ред веќе традиционално  градско првенство во шах што го организираа општина Неготино и  ШК Неготино донесоа интересни и неизвесни мечеви, а со освоени 6,5 поени првото место го освои младиот Тони Лазов кому градоначалникот Ванчо Апостолов му ја врачи првата награда во вредност од 5.000 денари. Второто место со ист број поени и наградата од 4.000 денари ги освои Санде Атанасов, додека третопласиран со награда од 3.000 беше Киро Камчев. 2.000 денари за четвртото место му припаднаа на Филип Пушкинов, а петопласиран беше и награда од 1.000 денари освои Павле Давчев. За најдобар ветеран на возраст од над 60 години беше прогласен Блажо Добринов кој доби 1.000 денари, додека за најдобар млад учесник под 18 години беше прогласен Диме Аврамов кој исто така доби награда од 1.000 денари. Градоначалникот Апостолов при доделувањето на наградите на сите учесници им честиташе за успешниот настап и прикажаните интересни мечеви и вети дека до година отвореното градско првенство во шах на Неготино ќе биде подигнато на уште повисоко ниво.