Две театарски претстави во рамките на прославата на Светскиот ден на театарот во организација на Општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на програмата за култура, а по повод Светскиот ден на театарот 27 март, оваа година општина Неготино во соработка со Центарот за култура “Aцо Ѓорчев” по четврти пат ја организира прославата на овој ден, кој се слави ширум светот со изведби на голем број театарски прослави и перформанси. Во нашиот град ќе бидат одиграни две одлични театарски претстави - комедиии, во изведба на театрите од сосединте општини Демир Капија и Кавадарци.
Првата претстава со која ќе биде отворен фестивалот е урнебесната комедија “Љубовник со висок стил”, на авторот Реј Куни, а во изведба на театарот “Мирка Гинова” од Демир Капија. Под режисерската палка на Томе Атанасов, актерската група составена од вкупно 12 актери, на 25 март, среда со почеток во 20 часот на големата сцена во НУЦК “Ацо Ѓорчев” ќе ја изведат премиерата на оваа претстава пред неготинската публика.
Втората, исто така култна претстава, која претставува вистински сценски перформанс е комедијата “Сомнително лице” од српскиот автор Борислав Нушиќ. Истата е една од начесто изведуваните и најпосакуваните претстави на Балканот. Претставата ќе биде изведена од актерска група од 12 актери - членови на градскиот театар од Кавадарци. Режијата е на режисерот Диме Коцевски, а музиката на Марјан Тодоровски. Петок, 27 март, Центар за култура “Ацо Ѓорчев”, почеток 20 часот.