Бесплатен интернет во населените места PDF Печати
   Министерството за информатичко општество и општина Неготино го спроведуваат проектот „Интернет киосци во населените места“. Преку овој проект осум подрачни училишта во нашата општина ќе добијат бесплатен бежичен интернет кои ќе зрачи до 250 метри од подрачните училишта во селата : Пепелиште, Криволак, Црвени Брегови, Војшанци. Тремник, Тимјаник, Долни Дисан и Курија. Покрај безжичниот интернет ќе бидат поставени и интернет киосци кои ќе можат да се користат од месното население преку целиот ден и тоа бесплатно. Во моментов се инсталирани и пуштени во употреба киосците во селата Пепелиште и Криволак а до крајот на месецот се очекува да бидат инсталирани и пуштени  во  употреба и останатите интернет киосци.