И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати

Во врска со ОТВОРЕНИOT ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА  АПЛИКАЦИИ  за ОБУКИ ЗА ПЧЕЛАРСТВО ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО за сите кои се заинтерсирани да учествуваат во обуки за пчелaрство ( училиште за пчелари) што ќе се имплементира во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област “Bee-conomy” што е ко-финансиран преку ИПА –ЦБЦ програмата  Грција-Македонија  а кој беше објавен на веб страната на општината и на други видни места за периодот 11.07.2016-22.07.2016 ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ   ДЕКА ОПШТИНА НЕГОТИНО ГО ПРОДЛОЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ И ЗА ДВАТА КУРСА  ДО  01.08.2016( ПОНЕДЕЛНИК) до 16.00 часот.
Истовремено Ве информираме  дека останатите елементи на ПОВИКОТ остануваат исти и се дадени во продолжение , освен промените на датумите согласно продолжениот рок за пријавување:


Обуките ќе се спроведуваат во соработка со О3 ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје и ќе опфатат:
1. Првиот циклус на обуки е наменет за 25 учесници од постојните пчелари во општина Неготино .Обуките за постојните пчелари ќе опфатат постапки за максимизирање на  производството на мед, производство на други методи и користење на другите пчелни продукти за зголемување на вредноста на медот.  Обуките ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месец август 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска.
2. Вториот циклус на обуки е наменет за 25 учесници кои се заинтересирани да започнат со одгледување на пчели и производство на пчелни продукти. Обуките за новите пчелари ќе опфатат почетно запознавање со основните елементи во процесот на одгледување на пчелите, запознавање со неопходната опрема за пчеларство и неопходните постапки за одгледување на пчели. Обуките ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месеците јули и август 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска
Апликантите за двата циклуса  треба да се пријават на следниов начин:
За првиот циклус на обуки
 Анекс 1а-Апликација за обука на постојни пчелари.
Во прилог на апликацијата за обуките за постојни пчелари се доставува доказ од ПЕ на МЗШВ Неготино ( Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС )дека апликантот е регистриран пчелар во Неготино или ДРД образец доколку апликантот доаѓа од правно лице кое е производител на пчелни производи
За вториот циклус на обуки
Анекс 1б-Апликација за обука на нови пчелари
-    За обуките за нови пчелари доказ дека апликантот е невработен издаден од ЦВ АВРМ Неготино(доколку во апликацијата се декларира како невработен) и
-     Доказ дека е примател на било каков вид социјална помош (доколку во апликацијата е наведено дека е примател на социјална помош).
-    Потребно е да се достави и доказ-имотен лист за просторот каде би можело да бидат поставени  5 сандака за одгледување на пчели за следните 5 години. Просторот може  да биде во сопственост на апликантот или на член од негово потесно семејство или пак да има договор за закуп на просторот.
-    Апликантот треба да  пополни, потпише и достави Изјава ( Анекс 6) дека ќе потпише Договор со општина Неготино за добивање на опрема за одгледување на пчели, која ќе остане во сопственост на Апликантот и ќе биде лоцирана на предложените локации во следните минимум 5 години.
Сите заинтересирани кандидати може да подигнат апликации од општина Неготино достапни во  проектната канцеларија за локален економски развој на 3 спрат или дирекно од веб страната на општина Неготино. Отворениот повик e продолжен до 01.08.2016 до 16.00 часот. Краен датум за поднесување на апликациите и пропратната документација и за двата циклуса е 01.08.2016( понеделник) до 16.00 часот часот.Апликациите се поднесуваат во општина Неготино во  проектната канцеларија за локален економски развој на 3 спрат секој ден од 08:00-16:00 часот  .
Процесот на селекција е поделен на две фази. Првата фаза е проверка на административната усогласеност на апликантот со административните критериуми, а втората фаза е квантитативна оценка на апликантот.Времето на доставување на апликациите може да биде земено исто така во предвид. Селекцијата на учесниците ќе се врши од страна на Комисија за селекција. Комисијата е составена од 5 члена: Претседател, секретар и тројца оценувачи.Секој апликант ќе биде оценуван од 1 оценувач.
Процесот на оценување, селекција и избор на кандидатите ќе се врши во период од 03.08.-05.08.2016, по што ќе следува информирање на селектираните кандидати и за двата циклуса.
Важни напомени:
•    Обуките  за двата циклуса се бесплатни.
•    Секој учесник ќе добие бесплатни едукативни материјали за обуките  и сертификат за учество на крајот од обуките
•    За време на обуките потребно е редовно присуство на кандидатите за што ќе биде водена редовна евиденција од стана на обучувачите
•    Обуките ќе се спроведуваат во простор обезбеден од општина Неготино
•    За време на теренските посети и практичните часови во општина Неготино превозот е обврска на самите кандидати. За сите теренски посети надвор од општина Неготино транспортните трошоци ќе бидат покриени од страна на проектот.
•    Во случај на повеќе од  25 апликанти за секој циклус од  обуките ,  кои ги исполнуваат административни услови може да биде спроведено и јавно извлекување .
•    Невработените не го губат статусот на невработени со учеството во обуките
•    Апликациите  се примаат во општина Неготино до 01.08.2016 до 16.00 часот.
•    Сите апликации пристигнати по наведениот термин ќе бидат одбиени
•    Точен распоред и времетраење на обуките ќе биде дополнително објавен до сите избрани кандидати .
•    Во рамките на проектот, од страна на ангажираните консултанти ќе бидат спроведени едукација ,консултации, менторирање, ќе бидат спроведени 3 ревизии на постојни претпријатија и ќе бидат изработени 3 бизнис планови .
•    Во рамките на проект, по завршување на обуките за пчелари почетници,  лицата  кои ќе поминат обуки за почетници и ќе добијат опрема, ќе имаат обврска да се регистрират како индивидуалец или претпријатие за производство на мед и други пчелни производи

Дополнителни Информации
Општина Неготино
Проектна канцеларија
Одделение за локален економски развој( 3 спрат)
Телефон: 043-361-045 лок.123
E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 
Банер

Водич за инвеститори

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Македонија вработува

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Банер

Пребарување

Кој е онлајн

Има 64 гости присутни