Културна Програма
ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН 2014 PDF Печати

Во рамките на седмото издание на манифестацијата “Топол културен бран”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура, на 31 јули (четврток) со почеток од 20.00 часот во салата на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде прикажана урнебесната театарска комедија “Жена ми се вика Борис” во изведба на аматерскиот театар од Демир Капија.

Општина Неготино е меѓу 25-те општини во државата во која што Министерството за култура ја поддржа оваа манифестација, која ќе продолжи и во месец август, со реализација на следните културни настани:
- 22 август, со почеток од 21 часот во изложбениот салон на Музејот на град Неготино ќе биде отворена Ликовната изложба на академскиот сликар Драги Хаџи Николов – Аџи;
- секој ден од 25 до 29 август, во кино салата на НУЦК “Ацо Ѓорчев” со почеток од 20.30 часот љубителите на филмот од нашата општина ќе имаат можност да погледнат пет македонски играни филмови;
- 31 август, со почеток од 20.30 часот на градскиот плоштад, ќе се одржи Ликовен хепенинг во организација на галерија АРТ-М од Неготино.
 

 
Тони Лазов победник на градското првенство во шах PDF Печати
   Сите седум кола од третото по ред веќе традиционално  градско првенство во шах што го организираа општина Неготино и  ШК Неготино донесоа интересни и неизвесни мечеви, а со освоени 6,5 поени првото место го освои младиот Тони Лазов кому градоначалникот Ванчо Апостолов му ја врачи првата награда во вредност од 5.000 денари. Второто место со ист број поени и наградата од 4.000 денари ги освои Санде Атанасов, додека третопласиран со награда од 3.000 беше Киро Камчев. 2.000 денари за четвртото место му припаднаа на Филип Пушкинов, а петопласиран беше и награда од 1.000 денари освои Павле Давчев. За најдобар ветеран на возраст од над 60 години беше прогласен Блажо Добринов кој доби 1.000 денари, додека за најдобар млад учесник под 18 години беше прогласен Диме Аврамов кој исто така доби награда од 1.000 денари. Градоначалникот Апостолов при доделувањето на наградите на сите учесници им честиташе за успешниот настап и прикажаните интересни мечеви и вети дека до година отвореното градско првенство во шах на Неготино ќе биде подигнато на уште повисоко ниво.
Повеќе...
 
Три театарски претстави во рамките на Фестивалот на аматерскиот театер во организација на Општина Неготино PDF Печати
   Во рамките на програмата за култура, а по повод Денот на театарот 27 март, оваа година општина Неготино во соработка со Центарот за култура “Aцо Ѓорчев” по трет пат го организира ревијалниот Фестивал на аматерски театар “Неготино 2014”. Во рамките на истиот ќе бидат изведени три театарски претстави, во изведба на аматерските театри од неколку града од државата.
Првата претстава со која ќе биде отворен фестивалот е култната македонска театарска претстава “Тетовирани души”, со текст на неповторливиот Горан Стефановски, а во изведба на Градскиот театар “Сцена 71” од Свети Николе.
Под режисерската палка на Слободан Елисеев и Александар Миќев , актерската група составена од вкупно 14 актери, на 25 март, вторник во 19 часот на големата сцена во НУЦК “Ацо Ѓорчев” ќе ја изведат премиерата на овој македонскиот трилер пред неготинската публика.
Втората, исто така култна претстава, која претставува вистински сценско-музички перформанс е драмата “Коштана” од српскиот автор Борислав Станковиќ. Истата е една од начесто изведуваните и најпосакуваните претстави на Балканот. Претставата ќе биде изведена од актерска група од 14 актеричленови на аматерскиот театар од Демир Капија. Режијата е на долгогодишниот актер и режисер Димче Бањански, а музиката на Благој Глушков и Горан Костадинов. Среда, 26 март, Центар за култура “Ацо Ѓорчев”.
Последната претстава со која воедно ќе биде затворено овогодинешното издание на фестивалот е комедијата (кабарето) “У кафанче карши станче” во изведба на кумановскиот театар, а истата ќе биде изведена на 27 март во 19 часот во центарот за култура “Ацо Ѓорчев”.
Повеќе...
 
ИГОР ПАНЕВ ПОБЕДНИК НА ТУРНИРОТ ВО ТАБЛА ,, НЕГОТИНО -2013 ,, PDF Печати

   Во организација на локалната самоуправа по петти пат се одржа традиционалниот турнир во табла ,, Неготино -2013 ,, на кој се натпреваруваа 64 учесници меѓу кои за прв пат имаше учесници и од други општини. Во период од три дена колку што траеше турнирот беа одиграни многу интересни мечеви преку кои по систем на елиминација најдобрите дојдоа до завршните борби. Овогодишен победник на турнирот е Игор Панев кој за постигнатиот резултат доби диплома и награда од 7.000 денари, вицешампион е Игор Ангелков кој доби диплома и 5.000 денари,а третопласиран е Ацо Тренев кој покрај диплома заработи и 3.000 денари. Наградите на најдобрите им ги додели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој во рамките на затворањето на турнирот вети дека традицијата за одржување на овој настан ќе продолжи и во иднина.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 2 од 10
Банер

Водич за инвеститори

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Македонија вработува

Министерство за култура

Банер

Програма општинско-корисна работа

Банер

Пребарување

Кој е онлајн

Има 68 гости присутни