ЛЕР и јавни дејности
СЕ ЗБРАТИМИЈА ОПШТИНИТЕ НЕГОТИНО И МИНЕРВИНО ДИ ЛЕЧЕ PDF Печати

   Домаќин на четвртиот и последен настан од проектот ,, Креирање мрежа за европска винска традиција, култура и експертиза ,, беше општина Минервино ди Лече - Италија каде што главни теми за реализација беа организирањето на форум на тема ,, Европски вински патишта ,, прослава на Денот на Европската унија, организирање на мал саем на домашно вино од сите учесници на настанот, а во рамките на саемот се организираше натпревар во бели и црвени вина на индивидуални производители, претставување на типични производи на храна од учесниците, како и организирање други активности. Централен настан беше потпишувањето на договорот за збратимување помеѓу општина Неготино и општина Минервино ди Лече, а чинот на потпишување и официјализирање на договорот го реализираа градоначалниците Пане Трајков и Еторе Каропо. Делегацијата од општина Неготино ја сочинуваа претставници од општинската администрација, од Советот на општината, претставници од бизнис-секторот винарии, ресторани, производители на храна, претставници од јавни установи, како и од Здруженија на граѓани. Општинската делегација обезбеди и во Италија понесе и обемен пропаганден материјал, мостри од вино и храна, како и други промотивни материјали кои има беа поделени на останатите учесници на настанот.

Повеќе...
 
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА„ - ОГЛАС ЗА КО - МОДЕРАТОР НА ФОРУМИТЕ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
Оглас за КО-МОДЕРАТОР Општина Неготино
 
ОБУКА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ЛОКАЛНО НИВО PDF Печати

  Во организација на локалната самоуправа, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Лудвиг Болцман институтот од Австрија во Неготино се одржа дводневна обука на тема ,, Мониторинг, лобирање и имплементација на индивидуални и колективни човекови права на локално ниво ,,. На обуката која се одржа во ТИЦ ,, Желкова куќа ,, присутните се запознаваа со тоа што претставува и што е активното граѓанско учество и зошто е потребно истото, како граѓаните можат да и шпомогнат на локалната самоуправа во однос на развивањето на односите помеѓу граѓаните и општината, како и со можностите за подобрување на комуникацијата на локалната самоуправа со граѓаните. Обуката ја следеа и активно учество зедоа претставници на локалната администрација, невладините организации и други јавни установи.

Повеќе...
 
НЕДЕЛА НА ВИНО „СВЕТИ ТРИФУН 2012“ PDF Печати

  

                                                           А Г Е Н Д А

Недела на вино ,, СВЕТИ  ТРИФУН 2012 “

МОТО
,,СО ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ – ЗАЕДНО  ВО ЕВРОПА,,
,,Проект ,, Креирање на мрежа за Европско  вино, традиција, култура и експертиза ,, Програма ,, Европа за граѓаните 2007-2013,, ЕУ

 14.02.2012( вторник ) ,,СВ. ТРИФУН„ (Главен настан)
09:30-10:00 Ритуал на закројување во дворот на црквата ,,Свети Атанасие ,, Неготино,,
10:00-11:00 Отварање на мини – саем на вино – локални и регионални винарии – ТИЦ ,,Желкова куќа ,,
11:00-11:30 Фолклорно дефиле на локални и интернационални учесници – парада на потег на главна улица ,,Ацо Аџи Илов ,,  - Стара чаршија - плоштад
11:30-12:00 Отварање и посета на штандови на винарии на градски плоштад
( локални , регионални , заеднички и интернационални штанд)
12:00-14:00 Благослов  и  богата културно – уметничка програма на бина – фолклорни ансамбли ( Неготино,Италија , Бугарија , Словенија)
13:00-13:30 Доделување на награди за наградените учесници во натпреварите (индивидуални производители и  винарии – локални и интернационални ) и  благодарници за учесниците во  фолклорната програма .
14:30 Организиран ручек за делегациите – пикник ,,НЕГОТИНСКА ПИТА и ВИНО,,  со услуги од локални ресторани во манастирски комплекс/чардаци
15:00 Организиран ручек за учесници во  фолклорна програма –пикник ,, НЕГОТИНСКА ПИТА ,, - со услуги од локални фурнаџии и ресторани – манастир трeпезарија
21:00 Организирана вечера за делегациите и  учесниците

 

Повеќе...
 
ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ,,СВ. ТРИФУН ,, PDF Печати

   Општина Неготино ги започна подготовките за што е можно подостојно и поквалитетно одбележување на верскиот празник ,, Св. Трифун ,, - заштитникот на лозарите и винарите. Годинашнава организација на празникот ќе биде подигната на повисоко интернационално ниво и тоа преку реализирање на проектот ,, Креирање на мрежа на Европска винска традиција, култура и експертиза ,, преку програмата ,, Европа за граѓаните ,,што претставува трети по ред проектен настан на кој домаќин е општина Неготино. Овој проектен настан ќе се реализира во рамките на одбележувањето на ,, Неделата на виното – Св. Трифун 2012 ,, под мотото ,, Со традиционалните вредности – заедно во Европа ,,. Во текот на организирањето на активностите предвидено е во Неготино да престојуваат околу 200 интернационални учесници, додека од нашата општина учество ќе земат претставници од винариите и бизнис-секторот, од разни културни, воспитно-образовни институции, претставници од здруженија, индивидуални учесници- сето според потребите на организацијата. Проектниот настан ќе се одржува од 08. 02. до 18. 02. 2012 година и ќе трае десет дена, додека централната манифестација по повод ,, Св. Трифун ,, ќе се одржи на 14-ти февруари.

 

 

Повеќе...
 
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД НЕГОТИНО ВО ПОСЕТА НА ПОПОВО – БУГАРИЈА PDF Печати

   Општина Попово беше домаќин на активностите од вториот проектен настан на тема ,, Европски ракотворби во руралниот туризам-важен декор за винската маса, Презентација и работилница за креирање на ракотворби и натпревар Највештиот готвач на домашна храна ,, од проектот ,, Креирање на мрежа на Европска винска традиција, култура и експертиза ,, од програмата Европа за граѓаните 2007-2013 година. На овој интернационален настан се претставија по 12 учесници од Неготино – Македонија и Минервино Ди Лече – Италија, како и 15 учесници од градот домаќин Попово – Бугарија, со тоа што групат од нашиот град се состоеше од претставници на институции, установи, здруженија и фирми.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 Следно > Крај >>

Лист 16 од 18