ЛЕР и јавни дејности
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
На ден 04.07.2013 г. (Четврток) во 18:00ч. во Просториите на Ресторан ,,Рубико” ќе се одржи Шестата Форумска сесија по Програмата -,, Форуми во заедницата” во општина Неготино,  на која ќе бидат презентирани постигнатите резултати по однос на проектот ,,Управување со отпадот во руралните средини на општина Неготино,,.
 
Програма,,Форуми во заедницата,,Проект –Управување со отпадот во руралните средини во општина Неготино PDF Печати
  Деновиве во општина Неготино потпишани се Договорите за набавка на возило за собирање на смет  и набавка на контејнери, согласно Грантот на  Швајцарската агенција за развој и соработка-СДЦ и  учеството  на општина Неготино , а во рамките на Проектот –,,Управување со отпадот во руралните средини во општина Неготино,,
Имено со овој Грант во вкупна висина од 5.360,000 денари ќе биде обезбедено возило за собирање на комунален смет од руралните средини на општина Неготино .Согласно најповолната понуда вредноста на возилото изнесува 4.472.000,00 денари и истото ќе биде набавено преку избраниот понудувач  ,,ЕРКА БМЦ 2007,, Охрид.
Повеќе...
 
ВО НЕГОТИНО ПОДЕЛЕНИ ПРОЕКТНИ ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ PDF Печати
   По завршувањето на проектните активности од манифестацијата Недела на виното – проект финансиран со средства од Европската унија, на сите интернационални учесници вклучени во истиот од Словенија, Италија и Бугарија организаторот – домаќин општина Неготино им подели промотивни материјали во кои се застапени материјали од предходно спроведените 4 проектни активности одржани во останатите градови вклучени во проектот. Така, на сите им беа поделени проектни промотивни материјали во форма на инфо-билтен, ДВД и ЦД алманах со препорака истите да ги постават на сопствените веб-портали заради подобро и поефикасна промоција на постигнатите проектни резултати. Последната информативна средба беше искористена и за претставување на новата проектна идеја за аплицирање меѓу досегашните партнери.
 
НЕДЕЛА НА ВИНО - Св.Трифун 2013 PDF Печати

Повеќе...
 
АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА ЌЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТ ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Општина Неготино беше посетена од претставници на Американската амбасада во Македонија и војници од инжинерската бригада на армијата на САД сместени во базата во Германија, а кои во април годинава ќе земат активно учество на воена вежба на полигонот Криволак, но за време престојот ќе се ангажираат и за давање придонес кон локалната заедница. На средбата, беа предложени повеќе проекти за работа, а како дел од процесот беа посетени детската градинка, основното училиште во градот и подрачното училиште во селото Долни Дисан. По извршениот увид на лице место, припадниците на инжинерската бригата на армијата на САД констатираните состојби ќе ги презентираат пред своите претпоставени, по што ќе се изврши избор кој проект ќе биде реализиран додека престојуваат во општина Неготино.
 
ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО И УСАИД PDF Печати
   Целта на проектот што локалната самоуправа ќе го спроведува со УСАИД е да го олесни пристапот на малите и микропретпријатијата до пазарот на јавни набавки придонесувајќи за нивен одржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање работни места, раст и иновации. Од друга страна пак, на договорните органи проектот треба да им овозможи постигнување пониски цени и повисок квалитет при јавните набавки. Овие цели се планира да се остварат преку зголемување на свесноста кај претпријатијата за можностите што ги нуди пазарот на јавни набавки, нивно снабдување со знаење, алатки, способности и капацитети за тендерски постапки, како и пружање помош за намалување на административните пречки што го оневозможуваат влезот на микропретпријатијата во јавните набавки. Станува збор за проект кој ќе се реализира во период од 3 години и истиот ќе биде подржан и од Бирото за јавни набавки.
 
 Регионален центар за поддршка на микропретпријатија-Велес
Фондација „Фокус“
ул. „Трајко Панов“ 22, 1400 Велес
тел: 043 212 450, 070 226 025
е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 
Project Creating a Network of European Wine Tradition, Culture and Expertise PDF Печати

DVD PROJECT ALMANAC

 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 9 од 14
Банер

Водич за инвеститори

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Македонија вработува

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Банер

Пребарување

Кој е онлајн

Има 18 гости присутни