Образование
ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР КРИСТИЈАНИ ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на реализацијата на проектот ,, Недела на италијанскиот јазик во светот ,, кој се одвива под мотото ,,Италија на територии, Италија на иднината ,, во работна посета на општина Неготино престојуваше амбасадорот на Република Италија во Република Македонија Фабио Кристијани. За време престојот, амбасадорот Кристијани оствари средба со градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој го запозна со личната карта на градот, а потоа присуствуваше на работилницата што се одржа во ТИЦ ,, Желкова куќа ,, каде што беше презентиран проектот за соработка и размена помеѓу италијанските училишта од општина Вале ди Сан Николао и ООУ ,, Страшо пинџур ,, од нашиот град. Имено, токму од нашето осносно училиште е покрената иницијатива за изучување на италијанскиот јазик преку негово воведување како дополнителен предмет за изучување за учениците кои ќе пројават интерес за тоа, идеја која сесрдно беше поддржана од амбасадорот Кристијани кој рече дека е радосен што и надвор од Скопје, во помалите средини, ќе може да се изучува овој јазик, се разбира по завршувањето на процедурите кои се во тек во Министерствиото за образование и давањето согласност за реализацијата на проектот.

Read more...
 
НЕГОТИНСКИТЕ МАТУРАНТИ ТАНЦУВАА ,, КВАДРИЛ ,, PDF Print
There are no translations available.

   Стотина матуранти од СОУ ,, Св. Кирил и Методиј ,, од Неготино заедно со своите врсници од Македонија и од повеќе градови од Европа со изведбата на танцот ,, квадрил ,, оставија белег во меѓународната манифестација ,, Матурска парада ,, со што влегоа во светот на возрасните. Обраќајќи им се на присутните на градскиот плоштад, градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков истакна дека со маатурирањето, матурантите влегуваат во посериозна фаза од животот во која покрај убавите работи се присутни и проблеми и неизвесност, споделувајќи ги сопствените искуства кои говорат дека средношколските денови и матурирањето се паметат целиот живот. Првиот човек на општината апелираше до матурантите во што е можно поголем број да се запишат на една од високообразовните установи во земјава и со тоа да си ги зголемат шансите за идно вработување. За крај, градоначалникот Трајков на сите им го честиташе матурирањето со желби да ги води добра мисла во животот, да имаат добро здравје и среќа и им посака цврсто и успешно да чекорат кон предизвиците на иднината.

Read more...
 
Гордост за нашите училишта и општина постигнувањата на нашите ученици PDF Print
There are no translations available.

На бројни натпревари општински, државни па и меѓународни учениците од општина Неготино постигнаа завидни резултати со кои можеме да се гордееме, и во исто време да очекуваме напредок на нашата општина на сите полиња. 

Read more...
 
ПРОМОВИРАН РЕГИОНАЛНИОТ ОБРАЗОВЕН ПОРТАЛ PDF Print
There are no translations available.

Општина Неготино во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ја организираше првата работилница на која се изврши презентација и промоција на Регионалниот образовен портал. Како што беше појаснето од страна на стручните лица кои го промовираа проектот, образовниот портал е веб – базирано решение за колаборација, комуникација и презентација на образовни содржини кои се прилагодени на образовниот систем.

Read more...
 
Соопштение PDF Print
There are no translations available.

  Општина Неготино ги известува сите родители на општината кои имаат деца родени во календарската 2004 година дека  треба да ги запишат на училиште во прво одделение во едно од  двете основни училишта во текот на месец мај.
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 Next > End >>

Page 4 of 5