Образование
Отворени нови детски градинки во неготинските села Пепелиште, Криволак и Тремник PDF Печати

Спиро Ристовски, Министерот за труд и социјална политика присуствуваше на пуштањето во употреба на детски градинки во неготинските села Пепелиште, Криволак и Тремник.Во овие градинки ќе бидат згрижени околу 50 дечиња.
„Владата уште еднаш покажа дека децата се нашиот врвен приоритет. И понатаму ќе продолжиме да инвестираме во детските градинки не само во централните градски подрачја, туки и на сите нивоа и сегменти, вклучувајќи ги и руралните средини“, изјави Ристовски.

Повеќе...
 
ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ ,, СТРАШО ПИНЏУР ,, ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во присуство на голем број гости, претставници на локалната самоуправа и вработени во оваа образовна установа, со организирање на низа пригодни активности беше одбележан патрониот празник на Основното општинско училиште Страшо Пинџур од Неготино. Обраќање пред присутните имаше директорката на училиштето Сузана Андонова која информираше за реализираните проекти и активности во изминатиот едногодишен период, а веднаш потоа учениците под надзор на своите ментори изведоа богата културно-уметничка програма со настап на ученици од повеќе одделенија. Претставници на повеќе делегации положија свежо цвеќе на бистата на патронот на неготинското училиште Страшо Пинџур.

Повеќе...
 
ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ ВО НЕГОТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА PDF Печати
   Врз основа на Законот за локална самоуправа и Статутот на општина Неготино, советниците во општинскиот совет на последната одржана седница донесоа одлука за организирање на дневен престој во основните општински училишта во општина Неготино. За таа цел, Советот на општина Неготино ги задолжи одговорните во основните општински училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур да организираат дневен престој за учениците кои посетуваат настава од прво до петто одделение. Дневниот престој се очекува да започне да функционира со стартот на второто полугодие од учебната 2012/2013 година.
 
ПОПЛОЧЕН ДВОРОТ ВО НЕГОТИНСКОТО УЧИЛИШТЕ СТРАШО ПИНЏУР PDF Печати
  Во Општинското основно училиште Страшо Пинџур во Неготино завршија градежните активности за уредување на училишниот двор. Притоа, со бехатон коцки извршено е поплочување на просторот пред училишната зграда, како и делот пред новоизградената фискултурна сала, при што е извршено поплочување на околу 1.200 метри квадратни. Со реализацијата на овој проект во голема мерка е зголемена безбедноста на учениците кои посетуваат настава во оваа образовна установа, а паралелно значително е подобрен и естетскиот изглед на дворот во училиштетот Страшо Пинџур.
 
Училиштето „Гоце Делчев“ од Неготино доби интерактивна табла PDF Печати
  ООУ„Гоце Делчев “ од Неготино доби интерактивна табла која ќе се користи за применување на современите техники и методи во наставата.
Министерството за образование и наука преку успешна соработка со Македонски Телеком  АД -Скопје во процесот на унапредување на образовните процеси во земјата, даде силна поддршка на проектот „Компјутер за секое дете “ како и поддршка преку обезбедување на интернет конекција во училиштата во Република Македонија. Во таа насока Македонски телеком започна со постапка за набавка на интерактивни електронски табли.
Министерството за образование и наука изготви посебни критериуми врз основа на кои училиштата аплицираа за добивање на интерактивна табла.
Оваа нова технологија  наречена „Паметна табла“ е аудио – визуелна алатка со која значително ќе се зголеми интерактивноста во наставниот процес, дизајнирана е така да го олесни учењето преку зголемена интеракција и развивање на нови технолошки вештини на учениците
Професорите и наставниците, но и сите други кои се дел од образовниот процес ќе можат слободно да создаваат содржини со кои ќе ги збогатат своите предавања и ќе им дадат повеќе знаење на децата и подобро ќе ги подготват за нивните предизвици во иднината.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>

Лист 3 од 5