Соопштенија
О Г Л А С PDF Печати
    Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.08-277/1 од 14.08.2014 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот

                                                          О   Г   Л   А   С
За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди

1. Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на туристичко вовче и реквизити за забава на локација во СРЦ „МЛАДОСТ“(асфалтни терени) по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 2.9000 м.кв. за период од 01.09.2014 до 24.09.2014 година.
2. Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 9.000,оо денари од ден за вкупната површина и туристичкото вовче.Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. За целокупниот горенаведен период, најповолниот понудувач е должен да плати надоместок за електрична енергија, вода и комунални услуги во износ од 30.000,оо денари.
3. Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 15.000,оо денари депозит за учество на јавното  наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00.  Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 21.08.2014 година до 16 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино.
4. На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 15.000,оо денари.


                                                                                                          Општина Неготино
                                                                                                  Комисија за јавно наддавање
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати
1. Oпштина Неготино, врз основа на Програмата за активности во областа на социјалната заштита  за  2014 година и спроведениот проект за функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во рурални средини во општина Неготино, има потреба од ангажирање на 1 (еден) работник за замена на привремено отсутен работник на определено време од 9 (девет) месеци.  

2. Се известуваат сите лица кои што се заинтересирани за учество во спроведениот горенаведен проект и ги исполнуваат доленаведените критериуми најдоцна до 13.08.2014година (среда) да достават пријава за заинтересираност со биографија  (CV) до општина Неготино заедно со  бараните документи како доказ за исполнување на критериумите.
           
3. За да може да достават пријава за заинтересираност потребно е секое лице да ги исполнува следните критериуми:

-    Да е државјанин на Република Македонија
-   Доказ за завршен VI или VII степен на образование, Педагошки факултет – предучилишна или одделенска насока

4. Изборот на пријавените лица ќе го спроведи стручна Комисија во  рамките на општинската администрација на општина Неготино формирана од Градоначалникот.  

Кандидатите потребните документи да ги достават на следнава адреса

  Општина Неготино ул.,,Ацо Аџи Илов” бр. 2 ,
1400 Неготино

со назнака ,, За јавен повик за аплицирање на кандидати за замена на привремено отсутен работник согласно спроведениот проект за функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во рурални средини во општина Неготино” .
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот Нацрт-  Урбанистички план вон населено место за лесна индустрија   КП 79/8, 79/9, 79/10, 79/11, 79/12, 79/13, 79/14, 79/15, 79/16и 79/18 м.в.,,Црвен Брег,,КО Тимјаник и на КП 278/3 и 278/5 м.в,,Бунарјето,,КО Дуброво Општина Неготино, со проект број 38/14 од мај 2014 год.кој е изработен од,,Перкан Проект,,Дооел Прилеп. дека
 Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање   на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По   Нацрт- Урбанистички план вон населено место за изградба  Нацрт-  Урбанистички план вон населено место за лесна индустрија КП 79/8, 79/9, 79/10, 79/11, 79/12, 79/13, 79/14, 79/15, 79/16и 79/18 м.в.,,Црвен Брег,,КО Тимјаник и на КП 278/3 и 278/5 м.в,,Бунарјето,,КО Дуброво Општина Неготино, со проект број 38/14 од мај 2014 год.кој е изработен од,,Перкан Проект,,Дооел Прилеп.  
 
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од   30-06 -2014 до    11-07-2014 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на  10-07 -2014  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.  

 За Јавната анкета во определениот рок  заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки , предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
Се известуваат сите жители на општина Неготино, дека се организира Јавна презентација и Јавна расправа по однос на Студијата за Изводливост на основен проект  ,, Реконструкција/ Изградба на Водоводни линии за 15 улици во општина Неготино и тоа : ,,Едвард Kардељ”; „Душан Јуруков“, ,,Душан Преграц”;  ,,Димче Мирчев”;  ,,Васка Калајџијска”;  ,,Киро Крстев”;  ,,Ленинова”; ,,Питу Гули”;  ,,Никола Петров”;  ,,Ставре Ставрев”;  ,,Ацо Аџи Илов”; ,,29 Ноември”;  ,,12 Ваташки деца’’; ,,Ило Виларов”; ,,Eнгелсова’’ како и Изградба на нов Резарвоар за водоснабдување во општина Неготино.По тој  повод, се покануваат жителите на општина Неготино да присуствуваат и дадат свој допринос во однос на Јавната расправа по однос на проектот.
Јавната презентација и Јавната расправа,  ќе се организира во големата сала на Општина Неготино во Неготино на ден   26.06.2014 г. (Четврток)  со почеток во 10 часот.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

Врз основа на член 24 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13 и 163/13год.)   Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното

 

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот Нацрт-  Урбанистички план вон населено место за лесна индустрија  КП 3891/1, 3891/3 дел од КП 4208 и 3892  КО Неготино  Општина Неготино, со  проект број 2887 од 2014год., изработен од  Дизајн Центар Инженеринг- Кавадарци.

 Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање   на:

 

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 

 По   Нацрт- Урбанистички план вон населено место за изградба  Нацрт-  Урбанистички план вон населено место за лесна индустрија  КП 3891/1, 3891/3 дел од КП 4208 и 3892  КО Неготино  Општина Неготино, со  проект број 2887 од 2014год., изработен од  Дизајн Центар Инженеринг- Кавадарци.

 

            Нацрт –Урбанистички план вон населено место за Нацрт-  Урбанистички план вон населено место за лесна индустрија  КП 3891/1, 3891/3 дел од КП 4208 и 3892  КО Неготино  Општина Неготино, со  проект број 2887 од 2014год., изработен од  Дизајн Центар Инженеринг- Кавадарци.   е утврден од Советот на Општина Неготино на седница  одржана на 07-05-2014   год.

 

Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од   30-05 -2014 до    05-06-2014 год.  секој работен ден од 08до 16 часот.

 

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

 

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на  05-06 -2014  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот. 
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и  физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот  Нацрт  -  УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН  ЗА СЕЛО ТИМЈАНИК  -  Општина Неготино  дека Градоначалникот  на Општината донесе Одлука за организирање на:

                   ЈАВНА АНКЕТА  и ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА    

 По Нацрт -УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ТИМЈАНИК  Општина Неготино со технички број 153/13 од  ДЕКЕМВРИ 2013,  изработен од А.Д. за урбанизам, проектирање и инжинеринг,,ЗУМ – Скопје.

 Нацрт - УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО  ТИМЈАНИК - Општина Неготино е утврден од Советот на Општина Неготино на седницата одржана на 28-02-2014  год.
 
Графичкиот прилог по Нацртот на планот ќе биде изложен  во просториите на  Месната заедница во с. Тимјаник , 10 работни  дена од  17-03-2014  до 31-03-2014 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки , предлози  и  мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 26-03 -2014  год.  во салата на Месната заедница на с.Тимјаник  во 13 часот.  
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
Се известуваат сите заинтересирани граѓани  дека градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов наместо еден како досега, почнувајќи од 01 февруари до 30 јуни оваа година, ќе организира по два отворени денови за прием на граѓаните во текот на неделата. Тоа значи дека освен во четврток,  како што беше досегашната пракса, градоначалникот Апостолов ќе врши прием на граѓани и секој вторник. Граѓаните кои се со намера да остварат средба со градоначалникот, треба благовремено да се најават во пријавницата на влезот во зградата на општина Неготино.
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ПРОДАВА АТРАКТИВНИ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ PDF Печати
   Општина Неготино објави продажба, односно отуѓување на градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавање  соспственост на РМ вон населено место за стопански комплекс на катастарска парцела 1.000 со намена за лесна индустрија и стоваришта и тоа вкупно 7 атрактивни парцели со почетна цена од 61 денар за метар кавдратен. Исто така, се продаваат и 3 градежни парцели во Урбан блок 5.1 во Неготино наменети за изградба на објекти за индивидуално домување со почетна цена од 373 денари за метар кавдратен, како и две градежни парцели во детален урбанистички план во Неготино за индивидуално домување со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Општината објави и продажба на една градежна парцела за домување во станбени згради и тоа една парцела со почетна цена од 680 денари за метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 23.01.2014 година на адреса на општина Неготино, а јавното наддавање ќе се одржи на 27.01.2014  во термините 9, 10, 11 и во 12 часот. Бидејќи станува збор за градежни локации со извонредно атрактивна местоположба во близина на автопатот и железничката пруга, од локалната самоуправа очекуваат голем интерес за нивна продажба.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот,опфатен со изработката на планот Нацрт - Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општината донесе Одлука за организирање на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По Нацрт - Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино со тех број 128/12 од 2013 год. изработен од А.Д. за урбанизам, проектирање и инжинеринг,,ЗУМ – Скопје.

 Нацрт-Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино е утврден од Советот на Општина Неготино на седницата одржана на 06-12-2013  год.

Нацртот на планот со графичкиот прилог ќе биде изложен  во просториите на  Месната заедница во с.Пепелиште , 10 работни  дена од   12-12-2013  до 27-12-2013 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 23-12 -2013  год. во салата на Месната заедница на с.Пепелиште  во 13 часот.  
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
   Општина Неготино ги информира граѓаните дека со цел за заштита на веќе изградени објекти и поставена опрема, на повеќе локации во градот ќе бидат поставени видео-камери кои ќе вршат 24 часовен надзор над истите со единствена цел да се стави крај на нивните оштетувања или уништувања. Секој несовесен поединец или група граѓани  кои ќе бидат  регистрирани на камерите дека прават  несакани дејства ќе бидат пријавени  до надлежните институции и против нив  ќе биде поднесена соодветна пријава пред судските органи. Се замолуваат граѓаните кои ќе забележат дека одредено лице или групи вршат оштетувања на објектите од општо добро, да пријават на веб страницата на општина Неготино или да се јават на телефонскиот број 361-045.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
   Се известуваат граѓаните на општина Неготино дека утре среда 27 ноември и на територијата на неготинска општина ќе се реализираат активности од акцијата ,, Ден на дрвото-засади ја својата иднина ,,. Со оваа акција сите ние можеме да дадеме придонес за зачувување на животната средина со единствениот концепт на масовно засадување на дрвја во само еден ден со што би се спротиставиле на климатските промени и загадувањето. Се очекува во акцијата да се вклучат сите заинтересирани граѓани, ученици од основните и средните училишта, невладините организации, од работните организации, а за сите нив е обезбеден организиран превоз со тоа што тргнувањето ќе биде во центарот на градот од пред единаесеткатницата во 9 и во 11 часот, додека учениците ќе тргнуваат од пред училиштата. Пошумувањето ќе се врши на локалитетот Големо брдо во близина на селото Прждево. Пристигнувањето на локацијата за пошумување е во 9,15 часот со преземање на групите од раководителите на локациите со поделба на садници и помошен алат обезбедени од Македонски шуми. Се повикуваат сите граѓани на општина Неготино да земат масовно учество во акцијата и сите заедно да ја засадиме нашата иднина.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 6 од 12