Соопштенија
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот,опфатен со изработката на  Нацрт - Детален  Урбанистички план  за   Урбана  заедница 3 дел од УБ 3.2  Неготино,  дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:


                                          ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

По Нацрт - Детален  Урбанистички план  за Урбана  заедница 3 дел од УБ 3.2 Неготино тех број 2908 од   2013 год.   изработен  од ,,Дизајн Центар  Инженеринг,, Трајче дооел Кавадарци кој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 27-09-2013   год.
 
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од   02-10-2013 до     08-10-2013 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 08-10-2013  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.  
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ОБЈАВИ ПРОДАЖБА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ PDF Печати
   Општина Неготино објави отуѓување на градежно неизградено земјиште по пат на електронско јавно наддавање при што на продажба се нудат 6 градежни парцели на катастарската парцела број 1000 со намена за лесна индустрија и стоваришта од кои 3 парцели за изградба на стопански комплекс за откуп, преработка, складирање и дистрибуција на земјоделски производи  со почетна цена од 61 денар за метар квадратен, како и 3 парцели за изградба на објекти од лесна индустрија со почетна цена од 148 денари за метар квадратен. На продажба се и 7 градежни парцели во катастарските општини  Неготино, Црно поле и Црвени брегови за изградба на винарии со почетна цена од 148 денари за метар квадратен, како и 2 парцели наменети за изградба на објекти за индивидуално домување со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање ги доставуваат во писмена форма за секоја градежна парцела поединачно во која е наведено за која парцела се однесува пријавата и кои документи се составен дел од истата. Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 18-ти октомври оваа година на адреса на општина Неготино, а јавното наддавање ќе се одржи на 22 октомври на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk.  Повеќе информации заинтересираните можат да добијат во општина Неготино или на телефонскиот број 043-361-045 од 8 до 16 часот.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Општина Неготино која и оваа година се јавува во улога на организатор на традиционалната манифестација ,, Неготински панаѓур ,, следејќи го примерот на другите локални самоуправи кои организираат слични манифестации од масовен карактер, врз основа на одлуката на Советот на општината донесе решение за наплата на паркинг-просторот како надомест за користење на јавни површини за време траењето на панаѓурот и тоа како за лицата кои со возила ќе доаѓаат од страна, така и за граѓаните на општина Неготино кои со сопствени возила ќе излегуваат на панаѓурот. Користењето на паркинг-простор за патнички моторни возила ќе се наплатува по 50 денари од ден, а за комбинираните и товарните возила по 100 денари од ден. Како добри домаќини, локалната самоуправа ги замолува граѓаните кои живеат во централното градско подрачје и на улиците Маршал Тито, Партизанска, Ставре Ставров и Ацо Аџи Илов во деновите на одржувањето на Неготинскиот панаѓур, сабота, недела и понеделник, да ги отстранат и да не ги паркираат  возилата на  споменатите улици. Со цел за елиминирање на можноста од создавање сообраќаен метеж,за регулирање на паркирањето на возилата за време на панаѓурот ќе се грижат посебно за тоа формирани служби од локалната самоуправа Неготино и Јавното претпријатие Комуналец со асистенција на припадници од Полициската станица во градот.
 
Објава градежно земјиште PDF Печати
Објава бр.1 2013 Неготино за КП-1000,винарии  и за домување
 
Ј А В Е Н П О В И К PDF Печати
Согласно Одлуката  на  Владата  на Република Македонија  за отстапување на нафтени деривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на Министерството за животна средина и просторно планирање  бр.41-6189/1 од 03.09.2013  и Акциониот план за чистење  на речни корита  во Република Македонија  за 2013 година,  Општина Неготино објавува

                                                                         Ј А В Е Н      П О В И К
1. Предмет  на јавниот повик е: ангажирање на градежна механизација за  чистење на речни корита согласно Одлуката  на  Владата  на Република Македонија  за отстапување на нафтени деривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на Министерството за животна средина и просторно планирање  бр.41-6189/1 од 03.09.2013  и Акциониот  план за чистење  на речни корита  во Република Македонија за 2013 година.
2. Право на учество во јавниот повик: се повикуваат сите заинтересирани  правни лица кои  поседуваат градежна механизација и имаат интерес да се  вклучат   во Акцијата за чистење на  речни корита  да  поднесат барање со листа на расположиви градежни машини и транспортни возила со краен рок на достава на ден 20.09.2013 (петок) во архивата на Општина Неготино.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот,опфатен со изработката на  Нацрт - Генерален Урбанистички план  за   Урбана  заедница 5, Блок 2 во Неготино  дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:

                      
                                                        СТРУЧНА РАСПРАВА

 По Нацрт – Генерален   Урбанистички план  за Урбана  заедница
5 Блок 5,2 Неготино  тех број 2825 од март 2013 год.   изработен  од ,,Дизајн Центар  Инжинеринг,, Трајче дооел Кавадарцикој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 31 -07-2013   год.

 
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 15 работни  дена од   14-08-2013 до  03-09-2013 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења  за предложениот план.

Стручната расправа на Нацртот на планот ќе се одржи на 27-09-2013 год.во големата сала на Општина Неготино во 14 часот.  
                                                                   
 
Соопштение PDF Печати
Општина Неготино ја известува заинтересираната јавност дека е доставен Извештај за Стратегиска оцена на животната средина на Локалната урбанистичка планска документација за лесна индустрија- Г2 на КП 1555 м.в.,,Мостиште,КО Пепелиште -Општина Неготино со тех.бр.27/2013 од април 2013, која е достапна за увид од 27.07.2013 година до 27.08.2013 година во просториите на Општина Неготино,ул.,,Ацо –Аџи  Илов,,2, секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот.

По увидот, заинтересираните граѓани, невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Студијата во писмена форма до одговорните лица за контакт во Општина Неготино до 27.08.2013 година.

Во Општина Неготино,може да го најдете Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на Локалната урбанистичка планска документација за лесна индустрија –Г2 на КП 1555 м.в.,,Мостиште,КО Пепелиште – Општина Неготино со тех.бр.27/2013 год. од април 2013 год. исто така и на општинската web страна www.negotino.gov.mk

На 15.08.2013 година ќе се одржи јавна расправа по Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина во просториите на Општина Неготино во 13 часот.
 
Контакт лице:
Лилјана Нечева
Општина Неготино
Ул.Ацо-Аџи Илов 2 1440  Неготино
Тел.043/361 045 лок.208
 
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
  ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НЕГОТИНО ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ДЕКА СОГЛАСНО ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА, ДЕЗИНФЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ТЕКОТ НА  УТРЕШНИОТ ДЕН 02 ЈУЛИ ПОЧНУВАЈЌИ ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА НА КРИТИЧНИ ТОЧКИ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ СО МАШИНСКО РАСПРСКУВАЊЕ СО ПРЕПАРАТОТ АКВА-КОТРИН ОД СТРАНА НА СТРУЧНИ ЛИЦА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ОД ВЕЛЕС. СО ПРСКАЊЕТО ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ 4 ЛОКАЦИИ И ТОА- КЕЈОТ НА ТИМЈАНИЧКА РЕКА, БРЕСТИН ДОЛ, МАРЕНСКИ ПОРОЈ И ПОТЕГОТ ОД КРИВОЛАК ДО ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА. СЕ ИНФОРМИРААТ ГРАЃАНИТЕ И ЗДРУЖЕНИЈАТА КОИ ОДГЛЕДУВААТ ПЧЕЛИ И ДРУГИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ СИТЕ НЕОПХОДНИ МЕРКИ ЗА НИВНА ЗАШТИТА.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

 Општина Неготино во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република  Македонија (АФПЗРР) организира работна средба, со цел запознавање и презентирање на можностите и активните програми на Агенцијата, кои се од интерес за потенцијалните корисници.

Согласно акциониот план за посета, предвидено е средбата да се одржи на 01.07.2013 (понеделник) во 11.00 часот во салата за состаноци во општина Неготино.

Се повикуваат сите заинтересирани лица, жители на општината, односно потенцијални корисници на програмите за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој на АФПЗРР да присуствуваат на оваа средба.
                                                                                             

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

 

Се известуваат сите правни и физички лица дека ќе се организира Јавна презентација и Јавна анкета од страна на Градоначалникот на Општина Неготино,  за просторот опфатен со следните плановити:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА


1.  По Нацртот- Локална урбанистичка планска документација за  КП 1336/2м.в. Врежот,,КО Пепелиште,за објекти од социјална заштита- В2,  Општина   Неготино  ,тех број 24/2013 од април  2013 год. изработен од ,,Интер Инвест Инг,, Доо Скопје.
2.  По Нацртот- Локална урбанистичка планска документација за лесна индустрија –Г2, за КП 1555, м.в. ,, Мостиште,  КО Пепелиште Општина   Неготино  ,тех број 27/2013 од април  2013 год. изработен од ,,Интер Инвест Инг ,, Доо Скопје.
 
 Нацртот на плановите со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од   04 -06 -2013 до    10-06-2013 год.   
 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот,конкретното подрачје опфатено со Плановите може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови секој работен ден од 08 до 16 часот

Анкетните листови за учество во Јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино, секој работен ден од 08 до 16 часот.

Јавна презентација на Нацртот на плановите ќе се одржи на 10-06-2013 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.  

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

         Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела на КП 9603/6 КО Неготино Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела на КП 9603/6 КО Неготино Неготино  тех број 13/2013 од март 2013 год.   изработен  од  ,,Интер Инвест Инг,, кој  е утврден од Советот на Општина Неготино на  седница одржана  на  26-04 -2013   год.

   Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од 09-05-2013 до 15-05-2013 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

    Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
  Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

   Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 15-05-2013  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот. 
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 8 од 13