Информации корона вирус
Волонтерите од општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена но и прехранбени продукти PDF Print
There are no translations available.

    Волонтерите од општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена но и прехранбени продукти. Беа доделени пакетчиња за ранливите категории од населените места Курија, Црвени Брегови и Тремник. Пакетчињата беа обезбедени односно донирани од приватните компании, но и поединци од нашата општина.

#ОстаниДома

 

Read more...
 
Дезинфекција на сите згради во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Денес започна втората акција за дезинфекција на сите згради во општина Неготино. Волонтерите ги дезинфецираат скалите, ѕидовите, влезните врати и оградите , делови кои најчесто се допираат со раце. Упатуваме апел до сите куќни совети, покрај дезинфекцијата од страна на волонтерите, самите да ја одржуваат хигиената во своите влезови. Покрај дезинфекцијата на улиците во град Неготино се дезинфецираат и улиците во населените места во општина Неготино.

#ОстаниДома
 
Волонтерите и советниците од Советот на општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена и прехранбени продукти PDF Print
There are no translations available.

   Волонтерите и советниците од Советот на општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена но и прехранбени продукти, кои беа обезбедени односно донирани од приватните компании но и поединци од нашата општина .

 Доделени беа пакетчиња на ранливите категории на граѓани согласно информациите добиени од Центарот за социјална работа Неготино, а истите денес беа доделени на семејства во селото Долни Дисан.

 Пакетчиња беа донирани и за штитениците на Дневниот центар за лица со ментален хендикеп „ Порака “ Неготино како и на Здружението на самохрани родители „ Надеж мит “ Неготино.

Општина Неготино ќе продолжи со донирање на пакетчиња и во следните денови во останатите населени места.

#ОстаниДома

 

 

Read more...
 
Извршена дезинфекција на сите улици во градот со цел за намалување и спречување на ширењето на Корона вирусот. PDF Print
There are no translations available.

Во текот на денешниот ден екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино, ТППЕ и волонтери од општина Неготино со своја расположлива механизација извршуваат дезинфекција на сите улици во градот со цел за намалување и спречување на ширењето на Корона вирусот.

Во оваа акција се вклучени и механизации и екипи од фирмите
 „ АД Венец “ Долни Дисан ,
 „ АД Црвени Брегови “ и
 „ Агро сервис 2000 “, на кои им упатуваме огромна благодарност за нивната несебична поддршка за справување со ситуацијата со КОВИД 19 во нашата општина.
Read more...
 
ПРЕПОРАКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ВО КАРАНТИН ИЛИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА СО СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ ВО ДОМОТ PDF Print
There are no translations available.

Read more...
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 7 of 13