ОПШТИНА НЕГОТИНО НА ,, ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ ,, ВО БЕРОВО Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

  Делегација на општина Неготино предводена од градоначалникот Пане Трајков и членови на КУД ,, Јане Сандански ,, од нашиот град присуствуваа и зедоа учество во дел од активностите реализирани во рамките на ,, Етно плоштад фестивалот ,, што се одржа во општина Берово.

    Инаку, манифестацијата ,, Етно плоштад фестивал ,, веќе втора година се одржува во Берово и истата предизвикува огромна заинтересираност за посета од страна на домашни и меѓународни делегации. Самиот фестивал ги обединува традиционалната музика и танци со формите на модерен стилизиран фолклор. За време на трите фестивалски денови посетителите можеа да уживаат во изведбите на индивидуалните уметници и групи кои изведуваа автентична фолклорна музика, но и стилизиран фолклор во повеќе форми. Пред многубројните посетители од земјава и странство свој настап имаа и членовите на КУД,, Јане Сандански ,, од Неготино. Вистинска магија на настанот му даде интернационалниот саем на традиционални производи ,, Малешевијата на дланка ,, кој се одржа во склоп на Фестивалот при што на бројните штандови можеше да се забележи шаренило од бои и богатство на производи, ракотворби, сувенири, резби изработени на традиционален начин и друго.