Обезбедени простории за Здружението на пчелари „Неготински мед“ Print
There are no translations available.

   На пригодна свеченост која што се одржа во просториите на ТИЦ Желкова куќа, градоначалникот на општина Неготино на претседателот на неодамна формираното „Пчеларско здружение-Неготински мед“ Миле Тошев му ги врачи клучевите од просторијата што ја обезбеди локалната самоуправа и во која над 50 членови на ова неготинско здружение непречено ќе можат да ги планираат и реализираат сопствените активности. Градоначалникот Апостолов истакна дека му е задоволство што по завршениот проект„Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекугранична област“  со грчката општина Алмопија веднаш се презедоа конкретни чекори за формирање на неготинското Здружение на пчелари кое веќе има свои простории со мебел, техника и опрема, а паралелно во с. Вешје е ограден дел од пчелниот парк со 30 кошници. Од името на Здружението „Неготински мед“ благодарност до градоначалниот Апостолов и до стручниот тим кој беше вклучен во проектот изрази претседателот Тошев кој додаде дека сите членови на Здружението ќе дадат максимален придонес за афирмација на нивното делување, а ќе направат напори во истото, покрај од општина Неготино, да привлечат и членови од соседните општини.