Нов полуконцертен клавир за потребите на неготинското музичко училиште Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   ООМУ „Владимир Арсовски“ – Неготино за своите потреби набави нов полуконцертен клавир од австриско производство  FEURICH  II 179 Dynamic.  За музичкото училиште ова значи многу, затоа што сме единствено училиште кое со сопствени средства успеа да набави ваков скап инструмент, и сме меѓу малку  институции во Р.Македонија кои можат да се пофалат со ваков НОВ инструмент. Уште поголема е важноста за нас, затоа што, некои од учениците за прв пат гледаат и имаат можност да свират на еден ваков инструмент. Овој инструмент есомоќен карактеристичен топол и великодушен тон. Има проширена резонантна кутија, што помага да се создаде тој голем звук и моќен бас. Жиците се од посебен нерѓосувачки материјал кој помага за  подобрување на тонот и ја зголемува долговечноста на инструментот, а редизајнираната рамка го направи овој инструмент уште посупериорен во однос на неговиот претходник  и други модели од таа класа и големина. Неколку години по ред е  добитник на престижни  награди низ Европа и пошироко. FEURICH179-Dynamic II обезбедува извонредни перформанси на звукот за полуконцертен пијано  со средна големина и се докажа во многу конзерваториуми и мали концертни сали низ светот. Откога беше поставен  и наштиман на апсолутна висина од 442 херци, веќе се одржани три концерти и виенскиот полуконцертен клавир е спремен за концертната сезона во Новата 2019 година.Овој инструмент во иднина ќе значи многу, заради позачестените настапи на наши  сегашни и идни ученици, а и на веќе дипломирани пијанисти од нашиот град и од целата држава. Благодарност и до Музеј на град Неготино за што ни обезбедија привремена локација и одржување на концерти. Тоа беше единствено решение заради техничка неможност да го поставиме во нашето училиште. Но планирано е за одреден период да се изгради ново музичко училиште со КОНЦЕРТНА САЛА каде ќе биде вистинското место за поставување на овој моќен австриски убавец.