МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА - ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ГРАДИШКА-РЕПУБЛИКА СРПСКА Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   Во терминот од 22 до 24 април 2011 година делегација од општина Неготино во состав: Јованка Камчева – член на Советот на општина Неготино, Александар Јованов – раководител на Одделението за правни и општи работи, Лилјана Нечева – советник во Одделението за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и Јане Мелов-возач оствари меѓународна соработка со општина Градишка-Република Српска по повод празникот „ 24 април, Ден на општина Градишка“.При оваа посета покрај учеството на нашата делегација во празнувањата на домаќинот, беа разменети и искуства во поглед на активностите на органите на локалната самоуправа на двете општини.Делегацијата на општина Неготино за време на целиот престој беше придружувана и од Начелникот на општина Градишка г-дин Никола Крагуљ.