Во Неготино ќе се одбележи „Европската недела на мобилност“ Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   Град Неготино и годинава ќе ја одбележи Европската недела на мобилност 2019 и за граѓаните ќе понуди низа активности посветени на алтернативното и одржливо движење. Европската недела  има за цел да ја поттикне мобилноста на жителите што повеќе да се користи алтернативниот превоз, а во исто време да ја подигнат јавната свест за придобивките од пешачењето и движењето. Централниот настан во Неготино ќе се одржи во четврток на 19-ти овој месец во времето од 11 до 13 часот кога ученици од основните и средното училиште, здруженија на граѓани, јавна администрација и останати заинтересирани граѓани ќе возат велосипеди и други алтернативни средства. Стартот ќе биде на ул„Маршал Тито“ кај Музејот во 11 часот, на семафорите се свртува десно и се вози по ул„Партизанска“, кај спомен-костурницата се врти лево по ул„Баба Ана Ташева“ и по ул„Маршал Тито“ се враќаат назад кон градскиот плоштад каде е предвидено завршување на маршрутата. Ден порано, на 18-ти овој месец, активности ќе се одржат и во ООУ„Гоце Делчев“ преку настанот насловен како „Вело родео“ кој е од отворен карактер и право на учество имаат ученици од 4-то до 9-то одделение кои ќе возат велосипеди и ќе се забавуваат преку учество во едукативни игри и активности. Со настанот е предвидено учество на ликовен и литературен конкурс, вело активности, вело меморија и други активности.