Се одржа 35-иот општински противпожарен квиз натпревар Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

    Деновиве во просториите на ООУ„Гоце Делчев“ во нашиот град се одржа 35-иот по ред општински противпожарен квиз натпревар на кој учество зедоа ученици од сите основни училишта од Неготино, од ООУ„Димката АНгелов Габерот“ од Д.Капија, како и 2 екипи од СОУ„Кирил и Методиј“. Учесниците на квиз натпреварот одговараа на прашања од областа на противпожарната заштита, а нивните одговори ги оценуваше 3-члено жири во состав Иле Илиев, Петко Ристевски и Александар Гарванлиев. Првото место на општинскиот квиз натпревар го освоија учениците од подрачното училиште „Браќа Миладинови“ од Д.Дисан, второпласирана беше екипата на ООУ„Страшо Пинџур“, додека третото место им припадна на учениците од ООУ„Димката Ангелов Габерот“ од Д.Капија. Најуспешните ученици-натпреварувачи добија пригодни награди и признанија кои им ги врачи секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ.