Продолжуваат градежните активности во општина Неготино Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов и дел од општинската администрација извршија увид на градежните активности кои се одвиваат на територија на општината. При посетата е констатирано дека покривната конструкција на СРЦ „Младост“ веќе е во напредна фаза од реконструирањето, а исто така може да се заклучи дека градежните активности се одвиваат со однапред утврдената динамика. Исто така беше посетено и селото Тремник каде се започна со реконструкција на дел од улица во ова населено место.
Со
тековната реконструкција се предвидува проширување на улицата на овој потег со ширина од 4 метри на 5,5 метри по целата траса и асфалтирање на целиот потег во должина од 1000 метри.