Интензивно се работи на изградбата на социјална зграда во општина Неготино Печати
Денес заедно со вицепремиерката Мила Царовска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на АД за станбен и деловен простор извршивме увид на градежните активности на зградата која ќе биде наменета за 62 социјално загрозени семејства. Создаваме услови сите овие лица да добијат кров над главата, сигурност и подобри услови за живот односно овозможуваме пристоен дом на оваа група граѓани.