Училиштата во Неготино се подготвуваат за старт на новата учебна година со онлајн настава но и физичко присуство Печати
Двете основни училишта во општина Неготино интензивно се подготвуваат за почеток на новата учебна 2020/2021 година и тоа со онлајн настава но и настава со физичко присуство.
Имено, покрај бројните мерки согласно протоколите за работа на основните училишта , во двете училишта се извршија бројни активности во насока на подобрување на целиот воспитнообразовен процес на учениците.
Во ПУ „ Гоце Делчев “ – Тремник извршена е комплетна реконструкција на училишниот двор. Во централното училиште извршена е замена на осветлувањето во спортската сала како и полирање и лакирање на подната површина, а реконструирани се и тоалетите.
Набавени се нови 70 клупи за централното училиште , а целосно е варосано ПУ во с. Тимјаник. За подобро реализирање на наставата, обезбедени се 15 десктоп и 22 лаптоп компјутери, а подобрена е интернет конекцијата со супер брз оптички интернет.
Во ПУ „ Страшо Пинџур “ – Пепелиште инсталирано е комплетно ново парно , а во завршна фаза е изградбата на дел од оградата во училишниот двор. Обезбедени се нови 15 десктоп компјутери, инсталирана нова оптичка интернет конекција, а набавена е и нова спортска опрема ( нови кошеви ) за реализирње на наставата по физичко воспитување. За полесно следење на наставата обезбедени се нови 15 десктоп компјутери.
Извршена е дезинфекција на училишните клупи и столчиња, подови, прозорци, врати и ходници со што училиштата ќе може да функционираат во согласност со протоколите усвоени од Комисијата за заразни болести и усогласени со Министерството за образование и наука.