Формирана комисија за проценка на штетите од невремето од град во општина Неготино Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

Излегувајќи им во пресрет на барањата на земјоделците, општина Неготино формираше комисија која во периодот до петок 17.06.2022 г. ќе ги прима барањата за отштета од земјоделците кои имаат штети на сопствените насади. Потребна документација за поднесување до комисисјата:
- фотокопија од лична карта за физички лица или тековна состојба за правни лица
- фотокопија од трансакциона сметка
- изјава за веродостојност на податоците
- решение за упис во единствен регистар на земјоделски стопанства
- имотен лист
Барањата за проценка на штетите од невремето од град можат да се поднесуваат секој работен ден до петок 17.06. во салата за состаноци на општина Неготино од 08,00 до 15,00 часот.