Прием за освојувачите на медали на Балканското првенство во кик бокс Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

 Уште еден голем успех за членовите на Кик бокс клубот Гладијатор од Неготино со освојувањето на 2 златни и 1 сребрен медал на Балканскиот шампионат во кик бокс кој изминатиот викенд се одржа во Краљево, Србија. Тоа беше повод во кабинетот да ги примам и да им честитам на постигнатиот успех на Јадранка Темелкова која во јуниорска конкуренција  до 55 кг освои златен медал, Роберт Костовски во сениорска конкуренција во категоријата лоу кик до 67 кг освои златен медал и Марија Јанева која во конкуренција кик лајт за сениорки до 55 кг освои сребрен медал, а заедно со нив беше и нивниот тренер Ѓорѓи Вучков. Тој во име на неготинскиот кик бокс клуб Гладијатор се заблагодари на помошта што клубот ја добива од општината и одличната соработка, а јас им ветив дека како и досега, и во иднина ќе ја имаат мојата и поддршката на локалната самоуправа во рамките на расположливите финансиски средства.