Микро проект во општина Неготино: Социјално вклучување на лица со посебни потреби во заедницата Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Основна цел на микро проектот е социјално вклучување на лица со пречки во интелектуалниот развој, преку нивно активно и континуирано работно ангажирање. Додадената вредност на овој проект се состои во следно: промовирање на концептот на одржлив локален развој; обезбедување одржливост на животната средина; промовирање на партнерство помеѓу локалната самоуправа, граѓанскиот и деловниот сектор.
Од самиот почеток на проектот во јануари 2012 година, беа спроведени следните активности: набавени се 20 контејнери за прибирање отпад и во соработка со ЕЛС Неготино идентификувани се локации за нивно поставување; ранливите групи беа вклучени во серија обуки и беа интервјуирани и избрани крајните корисници на проектот; беа подготвени и објавени промотивни материјали, ТВ и радио соопштенија.  
Овој микро проект е кофинансиран од страна на БИМ-ФВ Скопје, АДА, МТСП и општина Неготино, а го спроведува Здружението за поддршка на лица со пречки во интелектуалниот развој – Порака во соработка со Рециклажа ДООЕЛ, Неготино.