ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ИГРАЛНИТЕ ВО СЕЛАТА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО Печати
   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и вработени во општинската администрација  посетија 4 од вкупно 7-те игрални кои функционираат на територијата на општината  во кои престојуваат дечиња од предучилишна возраст до 5,5 години и кои овде ги стекнуваат основните знаења во пресрет на нивното поаѓање на училиште. Посетите беа искористени  градоначалникот Апостолов на дечињата да им ја честита Новата година со желби за добро здравје и успех во учењето притоа доделувајќи им од име на општината новогодишни пакетчиња, при што во игралната во Црвени Брегови истите ги добија 10, а во игралната во Војшанци 13 дечиња. Градоначалникот Апостолов исто така ги посети и новогодишни пакетчиња им додели и на по 20-тина дечиња кои престојуваат во игралните во Тимјаник и Долни Дисан.  Во знак на благодарност тие за посетителите во сите игрални беше изведена пригодна програма и на тој начин најмладите му се заблагодарија на градоначалникот за посетатата и подароците.