ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ПАТЕН ПРАВЕЦ НЕГОТИНО – ЛАКАВИЦА Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

   На пригодна свеченост што се одржа во близина на с. Пепелиште претседателот на Владата на РМ – Никола Груевски, директорката на Агенцијата за државни патишта – Наташа Волкановска и градоначалникот на општина Неготино – Пане Трајков со сечење на лента во употреба го предадоа комплетно реконструираниот патен правец Неготино – Лакавица.

Станува збор за делница во должина од 36 км чии работи беа започнати пред неполна година, а вкупната вредност на изведените градежни работи изнесува 240 милиони денари. Како што беше истакнато, овој патен правец досега важеше за еден од најоштетените во земјава, а со неговата комплетна реконструкција ќе дојде до значително подобрување на квалитетот на сообраќајот, се скратува времетраењето на патувањето од и до градовите во регионот, а наедно се зголемува и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
     Како што истакна премиерот Груевски, реконструкцијата на овој патен правец е дел од капиталниот проект за реконструкција и рехабилитација во чии рамки се одвиваат градежни работи на 11 регионални патни правци во земјава по што ќе следува нивно етапно предавање во употреба. Станува збор за реконструкција на патна мрежа во должина од 2000 километри, а нејзината комплетна реализација се очекува до крајот на 2011 година.