ЈАВЕН ОГЛАС Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

 Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година,предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Mакедонија 2011-2015 година за активната програма,Општокорисна работа,Општина Неготино во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 14.05.2014 година,објавува
                                               ЈАВЕН ОГЛАС
                                                       до
Невработени евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот
1.    Се повикуваат невработените евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и од другите ранливи категории,кои се заинтересирани за ангажирање во сферата на социјалната заштита за потребите на граѓаните од Неготино, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување на АВРМ – Неготино во периодот од 14.05-21.05.2014 година( 5 работни дена).
2.    Ангажирањето во сферата на социјалната заштита е на определено скратено работно време во период од 6 месеци за што ќе се исплаќаат по 6000 ,00 ден. за лице месечно за 20 работни часа неделно, со вклучени персонален данок и осигурување од повреда на работно место.
3.    Заинтересираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, може да се пријават за вршење на работи и работните задачи за 7 работни места како Асистент – помошник на воспитувачот( во игрални за деца од предучилишна возраст во населенитеместа: Тимјаник, Долни Дисан, Војшанци, Тремник, Пепелиште, Криволак,Црвени Брегови)

Општи и посебни услови:
 -завршено гимназиско,средно стручно или друг вид на образование
 -со или без претходно работно искуство
 -да  е невработено и евидентирано во Центарот за вработување Неготино
 -да припаѓа на некоја од ранливите групи :други невработени лица со умерени  потешкотии   при вработување( тешко вработливи),догорочно невработени,приматели на СПП,приматели на нега за трето лице   и други)
Детални информации може да се добијат во општина Неготино 361-045 лок.123 ( Одделение за локален економски развој) или во Агенцијата за вработување-Центар за вработување Неготино (361-799)
                                                                                                                         ОПШТИНА НЕГОТИНО