Делегација од Алмопиа оствари работна посета на Неготино Печати

   Деновиве во работна посета на општина Неготино престојува четиричлена делегација од Алмопиа-Грција предводена од градоначалникот Димитрис Мпинос која покрај следењето на настаните од празникот на лозарите, оствари и средба со градоначалникот Ванчо Апостолов на која беа разменети предлози и мислења за меѓународна соработка. А една таква соработка е веќе во тек и тоа проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка „Поддршка и развој на економијата преку пчелно производство“. Претставниците на двете општини на остварените средби заклучија дека имаат големи можности и потенцијали за идна соработка и тоа во повеќе сфери, а разменија и корисни информации, како и предлози за натамошна соработка и партнерство меѓу Неготино и Алмопиа по основа на разни други достапни програми.