С О О П Ш Т Е Н И Е Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


                                                 С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за aрхитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела согласно општ акт за село Пепелиште, на КП 1323, 1324, 1325/1-дел и КП 1322/2-дел, КО Пепелиште, Општина Неготино


Граници на опфатот сe: од северозападната страна граничи со регионален пат Р 1103 (Р107), од североисточната, источната и јужната страна граничи со постоечки улици кои се дефинирани и во општиот акт за село Пепелиште, а од западната страна граничи со катастарска парцела број 1325/2. Пристап во парцелата е обезбеден од источната страна (улица 1) и јужната страна (улица 2).
Опфатот е со површина  од  2039m2.
Јавната анкета и јавната презентација за aрхитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела согласно општ акт за село Пепелиште, на КП 1323, 1324, 1325/1-дел и КП 1322/2-дел, КО Пепелиште, Општина Неготино, со технички број  04-527/2019 од  декември  2019 година , изработен од „ПАРАМЕТАР“  дооел Скопје ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  14.01.2020 година  до 20.01.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 14.01.2020 година  во  12:30 часот во просториите на општина Неготино.